во изградба:' 24,37 km (15,1 mi)
Таксим-Кабаташ (connection with Seabus): 0,6 km (0,4 mi)
Јеникапи-Аксарај (connection with LRT): 0,6 км Мостот кај Златниот Рог: 0,936 km (0,6 mi)
тунел „Мармарај“: 13,6 km (8,5 mi)
Вкупно: 55,75 km (34,6 mi)
Истанбулското метро (турски: İstanbul metrosu) или М2 претставува јавна транзитна подземна железничка мрежа која се наоѓа во Истанбул, Турција.
Тенел 1875
Истанбул е поврзан со две подземни железнички жичари. Постарите на овие две е Тунел (1875). Во употреба бил пуштен на 17 јануари1875[2]. Тунел 1875 е втората најстара подземна железничка линија во светот по лондонското метро кое датира од 1863 година и првата подземна урбана железничка линија во континентална Европа, иако првото целосно метро кое се состоело од повеќе подземни станици во континентална Европа била Линијата 1 во Будимпешта од 1896 година.
Метро
Изградбата на Истанбулското метро (М2) започнала во 1992 година, а првиот дел од изградбата била завршена на 16 септември2000 година, на релација Таксим и Левент[3]. Овој дел од линијата е долг 8,5 км (5.3 mi) и има шест станици.[3] Просечно, се транспортираат околу 130.000 патници дневно. На 30 јануари2009 година, новиот проект бил даден на EUROTEM[4]. EUROTEM треба да изгради 92 нови вагони за линијата М2.[4][5][5] Според податоци од 30 јануари2009 година, од вкупно 34 вагони, секој четврти бил користен од на линијата М2.
На нејзиниот северен дел, линијата продолжува од Левент кон Маслак и истата била отворена на 30 јануари2009.[6]. На нејзиниот јужен де, линијата продолжува од Таксим до Јеникапи, преку Златниот Рог. Линијата била завршена до станицата во Шишан, исто така на 30 јануари2009 година.[6]
Во моментов, на линијата М2 се работи на 10 места од европската страна на градот и на 16 нови станици од азиската страна. Патната мрежа помеѓу станицата Шипхан и станицата Ататурк Ото Санај во Маслак е долга 15,65 км (9,7 mi), а патувањето трае 21 минути.[7][8] Вкупната должина на европската страна на линијата М2 ќе достигне 18,36 км (11.4 mi), кога сите 16 места од Хаџиосман до Јеникапи ќе бидат завршени;[3][4][9], не вклучувајќи го метрото на Златниот Рог кое е долго 936 метри[10], 0,6 километри долгиот тунел Такшим-Кабаташ[11], 0,6 километри долгиот тунел Јеникапи-Аксарај[4], и 13,6 километри долгиот тунел „Мармарај“ пуштен во употреба на 29 октомври 2013 г.[12]
На азиската страна од градот, изградбата на 21,66 км (13.5 mi) долгата линија од линијата М2 во Ејуп до Картала продолжува, и истата ќе има вкупно 16 станици.[13] Овој тунел (Босфорски подморски тунел со железничка) ќе биде поврзан со метро линиите на азиските и европските делови на градот. Според плановите, целиот проект би требало да биде изграден најдоцна до 2012 година.
1. Јадикој (во изградба)
2. Ибрахимага (во изградба)
3. Ацибадем (во изградба)
4. Јуналан (во изградба)
5. Ѓузтепе (во изградба)
6. Јенишахра (во изградба)
7. Козјатаџи (во изградба)
8. Бостанџи (во изградба)
9. Ќучукјали (во изградба)
10. Алтајчемше (во изградба)
11. Малтепе (во изградба)
12. Ѓулсују (во изградба)
13. Цевизли (во изградба)
14. Хастане (во изградба)
15. Соганлик (во изградба)
16. Картал (во изградба)