Исказ (математика)

Во математиката, исказ е реченица која или е вистинита или е невистинита (исклучиво).[1][2]

Примери:

  • Реченицата: „Бројот 3 е непарен број.“ е исказ и таа е вистинита.
  • Реченицата: „Бројот 3 е убав број.“ не е исказ, бидејќи за некој таа е вистинита (точна), а за некој е невистинит. Вистинитоста на оваа реченица зависи од оној кој ја чита.
  • Реченицата: „Бројот 2 е непарен број.“ е исказ бидејќи таа е невистинита.

Отворен исказ

Отворен исказ или исказна функција е реченица со променлива која станува исказ кога за променливата ќе се замени конкретна вредност од некое множество.[3] Оваа дефиниција може да се обопшти за повеќе променливи.

Примери:

  • Реченицата: x-2≥5 е отворен исказ. Еден можен исказ тука би бил: „За x=10, x-2≥5.“ (Овој исказ е вистинит.)
  • Реченицата: а2>b2 е отворен исказ со две променливи. Еден можен исказ тука би бил, „За a=b, а2>b2.“ (Овој исказ е невистинит.)

Отворени искази се користат во многу дисциплини. На пример:

  • Во математиката: Функцијата, односно равенката на праватаа: y=2x-1 е отворен исказ кој е вистинит за сите точки (x,y) кои „лежат“ на правата.
  • Во програмирањето: Условот: If(x>x*x). Изразот по условот If, т.е.(x>x*x) e отворен изказ кој е вистинит за сите вредности х каде што x>x2, односно x такви што 0<x<1.
  • Во работни табели како Excel® и Calc®: Формулата: =A1<>"Пеце" e отворен изказ кој е невистинит само ако ќелијата А1 го содржи текстот „Пеце“.

Искази и теореми

Исказите во теориската математика обично се нарекуваат теореми (пропозиции или тврдења) и треба да се докаже нивната логичка вредност, т.е. дали се вистинити или невистинити (види теорема).

Пример: Нека a и b се должините на катетите, а c е должината на хипотенузата на еден правоаголен триаголник. Тогаш a2+b2=c2 е исказ, т.н. Питагорова теорема која може да се докаже дека е вистинита.

Булова алгебра за искази

За работење со искази се користи т.н. Булова алгебра и Буловите логички симболи.

Симболи за логичка вредност текст програмирање Геогебра[4] Excel®[5]
логички „вистинит“ 1 true TRUE
логички „невистинит“ 0 false FALSE

Логички споредби

Искази можат да бидат едноставни споредби на броеви, т.е. реченици со еднаквост, нееднаквост, поголемо, поголемо или еднакво, помало или помало или еднакво. Како што е типично во математичко образование - објаснуваме со (чисти) искази, но во живот споредби најчесто се прават со отворени искази (искази со променливи). Ова претставува проблем само кај споредба за еднаквост каде што даваме додатно објаснување.

  • Реченицата: 5≥4 е исказ.
    • Кога ја бараме нејзината логичка вредност, читаме: Дали е 5 поголемо или еднаково на 4? и пишуваме одговор: Да. или Вистинита. или математички: (5≥4)=⊤.
    • Програмски имаме: (5>=4) има вредност 1.
  • Реченицата: 5<4 е исказ.
    • Кога ја бараме нејзината логичка вредност, читаме: Дали е 5 помало од 4? и пишуваме одговор: Не. или Невистинита. или математички: (5<4)=⊥.
    • Програмски имаме: (5<4) има вредност 0.
  • Реченицата: 5≠4 е исказ.
    • Кога ја бараме нејзината логичка вредност, читаме: Дали е 5 нееднако на 4? и пишуваме одговор: Да. или Вистинита. или математички: (5≠4)=⊤.
    • Програмски имаме: (5!=4) има вредност 1.
  • Реченицата: 5=4 е исказ.
    • Кога ја бараме нејзината логичка вредност, читаме: Дали е 5 еднаково на 4? и пишуваме одговор: Не. или Невистинита. или математички: (5=4)=⊥.
    • Програмски имаме: (5==4) има вредност 0.
  или  

Забелешка: Честопати, логичка споредба за еднаквост специјално се означува, т.е. не се користи само знакот за еднаквост! Во другите логички споредби непосредно се користи соодветниот споредбен оператор, т.е. едноставно во исказ или во отворен исказ се користи знакот за поголемо, поголемо или еднакво, помало, помало или еднакво или нееднакво. Тоа е бидејќи е релативно јасно - дури и кога се отворени искази - дека овие реченици се споредбени искази и дека се бара нивна логичка (Булова) вредност.

  • Реченицата х>3 е отворен исказ каде што се праша дали (тековната) вредност на променливата х е поголема од 3.
  • Реченицата x=3 ја доделува вредноста 3 на променливата х, т.е. оваа реченица не е исказ.

За да се разликува доделувањето од споредувањето честопати во текстови се користи знакот , т.е. знак за еднаквост со прашалник над него[6], а во програмирање се користи знакот ==, т.е. два знаци за еднаквост.

  • Реченицата x≟3 не се доделува вредност, туку е отворен исказ каде што се праша дали (тековната) вредност на x е еднаква на 3.
Симбол за споредба текст програмирање Геогебра Excel®
„поголем“ > > >
„поголем или еднаков“ >= или >= >=
„помало“ < < <
„помало или еднаков“ <= или <= <=
„нееднакво“ != или != <>
„еднакво“ или == или == =

Логички оператори

Бидејќи искази се реченици кои имаат логичка или Булова вредност[7], т.е. секој исказ е или вистинит или невистинит, може да се користат Булови оператори, односно логички оператори со нив. Секој од овие оператори има свој математички симбол и соодветна табела на вредности.

Симбол за логички оператори текст програмирање Геогебра Excel®
„негација“ ! not NOT
логички „и“ && and AND
логички „или“ ∣∣ or OR

Негација

Негација е унарен оператор на исказ.

  • Булов симбол за негација е ¬ и одговара на поимот „комплемент“ од теоријата на множества.
  • Во повеќето програмски јазици, симбол за негација е „!“.

Нека р е исказ. (Унарен значи дека треба само еден исказ.)

Неформално, логичката вредност на ¬p е обратната вредност од логичката вредност на p.

Пример: Нека p=(5>4). Тогаш p=⊤, а логичката вредност на ¬p=⊥. Накратко се пиши ¬(5>4)=⊥.

Табела вредности за операторот: Негација
Ако   Тогаш Со зборови
  Ако p е вистинат исказ, тогаш ¬p е невистинат исказ.
  Ако p е невистинат исказ, тогаш ¬p е вистинат исказ.

Логички „и“

Логички „и“ е логичка конјункција и е бинарен оператор на искази.

  • Булов симбол за логички „и“ е ⋀ и одговара на поимот „пресек“ од теоријата на множества и по значење и по образ.
  • Во повеќето програмски јазици, симбол за логички „и“ е „&&“.

Нека p и q се искази. (Бинарен значи дека треба два искази.)

Неформално, исказот pq е вистинит само ако и p е вистинит и q е вистинит, т.е. двата искази се вистинити. 

Пример: Нека p=(5>4) и q=(5-1≠4) Тогаш p=⊤, а q=⊥. Следува (pq)=⊥.

Оператор:   (и)
Ако Ако   Тогаш
 
 
 
 

Логичко „или“

Логичкото „или“ е бинарен оператор за искази познат уште како логичка дисјункција.

  • Симболот за логичко „или“ е ⋁ и одговара на поимот „унија“ во теоријата на множества и по значење и по изглед.
  • Во повеќето програмски јазици, симбол за логичкото „или“ е ||

Нека p и q се искази. (Бинарен значи дека спојува два исказа.)

Неформално, исказот pq е вистинит ако или p е вистинит или q е вистинит или и двата исказа се вистинити.

Пример: Нека p=(5>4) и q=(5-1≠4) Тогаш p=⊤, а q=⊥. Следува (pq)=⊤.

Оператор:   (или)
Ако Ако   Тогаш
 
 
 
 


Формална логика

За комплетност, објаснуваме уште два бинарни оператори на искази кои се користат само во формална логика, а во кои се користи терминологија која има различно значење во обичната математика. За да не дојде до заблуда, најпрво се објаснува обичното значење на терминологијата.

Импликација: Во обична математика[8], најчесто се користи зборот „имплицира“ како зврзувачки збор. На пример, А имплицира B го има значењето „Ако условот А е исполнет, тогаш условот В е исполнет.“ Пишуваме

.

Пример: Ако a>b тогаш ab, односно:

.

Меѓутоа, во формална логика импликација се дефинира како оператор меѓу два искази со следната табела на вредности.

Формален оператор: ⇒
Ако p Ако q   Тогаш pq
 
 
 
 

Еквиваленција: Во математиката[9], најчесто се користи изразот „е еквивалентно со“ како зврзувачки израз. На пример: А е еквиваленто со B го има значењето „Условот А е исполнет ако и само ако условот В е исполнет.“ Пишуваме

.

Пример: a>b ако и само ако ba

Пример: Еден четириаголник е квадрат ако и само ако неговите дијагоналите се складни и се сечат под прав агол.

(Еден четириаголник е квадрат.) ⇔ (Дијагоналите на еден четириаголник се складни и се сечат под прав агол.)

Меѓутоа, во формална логика еквиваленција се дефинира како оператор меѓу два искази со следната табела на вредности.

Формален оператор: ⇔
Ако p Ако q   Тогаш pq
 
 
 
 

Наводи

  1. Clapham, C.; Nicholson, J. (2009). „Oxford Concise Dictionary of Mathematics, Statement“ (PDF) (англиски). Addison-Wesley. стр. 747. Посетено на 1 септември 2013.
  2. Eccles, Peter (1998). An Introduction to Matematical Reasoning. Cambridge University Press. ISBN 978-0521597180.
  3. Roberts, Charles (2009). Introduction to Mathematical Proofs: A Transition (англиски). Chapman and Hall. стр. 47. ISBN 1420069551.
  4. Geogebra Institute и Институт за Геогебра на МКД (превод) (2013). „Булова вредност“. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 1 септември 2013.
  5. French, Ted. „Excel IF Function Step by Step Tutorial“ (англиски). Посетено на 1 септември 2013.
  6. „Question mark (in Mathematics)“ (англиски). Wikipedia. Посетено на 1 септември 2013.
  7. Clapham, C.; Nicholson, J. (2009). „Oxford Concise Dictionary of Mathematics, Boolean“ (PDF) (англиски). Addison-Wesley. стр. 99. Посетено на 1 септември 2013.
  8. Weisstein, Eric W. (2013). „Импликација“ (англиски). Math World- A Wolfram Web Resource. Посетено на 1 септември 2013.
  9. Weisstein, Eric W. (2013). „Еквиваленција“ (англиски). Math World- A Wolfram Web Resource. Посетено на 1 септември 2013.

Поврзани теми

Надворешни врски

Read other articles:

Fictional Western region in Tolkien's legendarium BeleriandJ. R. R. Tolkien's legendarium locationIn-universe informationTypelarge regionLocationsArvernien, Doriath, Falas, Nargothrond, Nevrast, Ossiriand, Taur-im-DuinathPositionnorthwestern Middle-earthPeriodStart of Years of the Trees to end of First Age In J. R. R. Tolkien's fictional legendarium, Beleriand was a region in northwestern Middle-earth during the First Age. Events in Beleriand are described chiefly in his work The Silmarillion...

 

See also: Amsterdam Museum This is an incomplete list of painters in the collection of the Rijksmuseum, with the number of artworks represented, and sorted by century of birth. For more information about the collection which comprises more than 3,000 paintings, see Rijksmuseum. More than 300 works are by unknown or anonymous painters, and though over 1,000 individual artists are in the collection, many of these are represented by only one work. The highlights of the collection are the oldest ...

 

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Oktober 2022. Kecelakaan kereta api Serang 2022Location of the derailmentRincianTanggal26 Juli 2022; 15 bulan lalu (2022-07-26)Waktu11.00 WIBLetakSerang, Tangerang, IndonesiaNegara IndonesiaOperatorDaerah Operasi I JakartaJenis kecelakaanTabrakan dengan od...

Sanford B. Dole Sanford B. Dole Presidente do Havaí Período 4 de julho de 1894 á 14 de junho de 1900 Antecessor(a) Nenhum, república estabelecida Sucessor(a) Nenhum, protetorado estabelecido 1º Governador do Havaí Período 14 de junho de 1900 - 23 de novembro de 1903 Antecessor(a) Nenhum, protetorado estabelecido Sucessor(a) George Carter Dados pessoais Nascimento 23 de abril de 1844 Honolulu,Reino do Havaí Morte 9 de junho de 1926 (82 anos) Honolulu, Território do Havaí Partido Part...

 

Front des neuen Stadtarchivs im ehemaligen Sowjetischen Pavillon (2019) Das Stadtarchiv Leipzig dokumentiert die Geschichte Leipzigs mit Belegen seit dem Mittelalter in Form von Urkunden, Akten, Geschäftsbüchern, Zeitungen und Druckschriften, Karten und Plänen sowie Fotos und Postkarten. Es zählt mit seinen Beständen zu den bedeutendsten kommunalen Archiven in Deutschland.[1] Zu seinen Aufgaben gehört auch das Führen der Stadtchronik. Inhaltsverzeichnis 1 Lage und Einrichtung 2...

 

キャンプ(英語: camp)は、英語圏の美学・文芸批評などで使われる用語のひとつで、大げさに誇張された振る舞いや、過度に装飾の多いけばけばしいファッションなどを意味する[1]。また、わざとらしさ・俗っぽさ・泥臭さを意識的に活かした芸術表現もこう呼ぶ[1]。一般に、同性愛者の美意識や価値観を表現・理論化するために用いられてきた[2]...

اضطرابات الكهرل معلومات عامة الاختصاص طب الكلى  من أنواع اضطراب استقلابي  تعديل مصدري - تعديل   اضطراب الكهرل (بالإنجليزية: Electrolyte imbalance)‏ أو اضطراب كهرل الماء هو اختلال في تركيز الكهرل في الجسم. تلعب الكهارل دورًا حيويًا في المحافظة على استتباب الجسم. تساهم في تنظيم ا

 

Ini adalah nama Maluku (Ambon), marganya adalah Tapiheru Untuk tokoh Yahudi, lihat Gamaliel. GamaliélGamaliél pada tahun 2018LahirGamaliel Krisatya Tapiheru9 Oktober 1990 (umur 33)Jakarta, IndonesiaKebangsaanIndonesiaAlmamaterUniversitas Multimedia NusantaraPekerjaanPenyanyi-penulis lagupengarah vokalsutradaraproduser musikTahun aktif2008—sekarangKeluargaAudrey Tapiheru (adik)PenghargaanAnugerah Musik Indonesia (2)Karier musikGenreKontemporer urbanR&BpopInstrumenVokalgitarLa...

 

SigridSigrid tampil di Oslo Spektrum pada tahun 2022LahirSigrid Solbakk Raabe5 September 1996 (umur 27)Ålesund, NorwegiaPekerjaan Penyanyi Penulis lagu Tahun aktif2013–sekarangKarier musikGenre Pop Electropop Synth-pop InstrumenVokal, kibor, gitarLabel Island Petroleum Situs webthisissigrid.com Sigrid Solbakk Raabe (lahir di Ålesund, Norwegia, 5 September 1996) adalah penyanyi dan penulis lagu pop asal Norwegia. Pada tahun 2017, ia merilis lagu debutnya, Don't Kill My Vibe, yang...

2021 Indian film JojiOfficial release posterDirected byDileesh PothanWritten bySyam PushkaranBased onMacbethby William ShakespeareProduced byFahadh FaasilDileesh PothanSyam PushkaranStarring Fahadh Faasil CinematographyShyju KhalidEdited byKiran DasMusic byJustin VargheseProductioncompaniesBhavana StudiosWorking Class HeroFahadh Faasil and FriendsDistributed byAmazon Prime VideoRelease date 7 April 2021 (2021-04-07) Running time113 minutesCountryIndiaLanguageMalayalam Joji , or...

 

تحتاج النصوص المترجمة في هذه المقالة إلى مراجعة لضمان معلوماتها وإسنادها وأسلوبها ومصطلحاتها ووضوحها للقارئ، لأنها تشمل ترجمة اقتراضية أو غير سليمة. فضلاً ساهم في تطوير هذه المقالة بمراجعة النصوص وإعادة صياغتها بما يتناسب مع دليل الأسلوب في ويكيبيديا. (ديسمبر 2015) سياسة ز...

 

Short-line railroad Arizona Central RailroadOverviewHeadquartersClarkdale, ArizonaReporting markAZCRLocaleCentral ArizonaDates of operation1989–presentPredecessorAtchison, Topeka and Santa Fe RailwayTechnicalTrack gauge4 ft 8+1⁄2 in (1,435 mm) standard gaugeOtherWebsitewww.clarkdaleazcentral.com The Clarkdale Arizona Central Railroad (reporting mark AZCR) is an Arizona short-line railroad that operates from a connection with the BNSF Railway at Drake, Arizona. ...

American politician from North Carolina Brandon LoftonMember of the North Carolina House of Representativesfrom the 104th districtIncumbentAssumed office January 1, 2019Preceded byAndy Dulin Personal detailsBornBrandon Marcus Lofton (1978-11-05) November 5, 1978 (age 45)Political partyDemocraticSpouseKellieChildren2ResidenceCharlotte, North CarolinaAlma materUniversity of North Carolina at Chapel Hill (BA) New York University School of Law (JD)OccupationAttorneyWebsiteOff...

 

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: GWR diesel shunters – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (September 2014) (Learn how and when to remove this template message) The Great Western Railway purchased two diesel shunters, and ordered a further seven immediately prior to Nationalisation, wh...

 

The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints in North CarolinaThe Raleigh North Carolina TempleAreaNA SoutheastMembers94,018 (2022)[1]Stakes19Wards140Branches41Total Congregations181Missions2Temples1 Operating1 Announced2 TotalFamily History Centers51[2] The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints in North Carolina refers to the Church of Jesus Christ of Latter-day Saints (LDS Church) and its members in North Carolina. In 1894, there were 128 members of the LDS Church. ...

Music venue and former movie theater in Atlanta, Georgia, United States 33°45′50″N 84°21′04″W / 33.76375°N 84.35111°W / 33.76375; -84.35111 Variety PlayhouseFormer namesEuclid Theatre (1940-62)Ellis Cinema (1984-88)Address1099 Euclid Ave NEAtlanta, GA 30307-1923LocationLittle Five PointsOwnerAgon Sports and EntertainmentCapacity1,000OpenedOctober 2, 1940 (1940-10-02)WebsiteVenue Website The Variety Playhouse (originally known as the Euclid Th...

 

American comedian, actor, director, producer, and writer Mike BirbigliaBirbiglia in 2008Born (1978-06-20) June 20, 1978 (age 45)[1]Shrewsbury, Massachusetts, U.S.[1]MediumStand-uptheatreradiotelevisionfilmEducationGeorgetown UniversityYears active2000–presentSpouse Jen Stein ​(m. 2008)​[2]Children1Websitewww.birbigs.com Mike Birbiglia (/bɜːrˈbɪɡliə/; born June 20, 1978) is an American stand-up comedian, actor, storyteller, ...

 

Gambar Thomas Hobbes, filsuf yang kerap menggunakan ungkapan Bellum Ominium Contra dalam karya-karyanya. Bellum Ominium Contra Omnes adalah sebuah ungkapan Bahasa Latin yang berarti sebuah perang antar segala melawan semuanya, ungkapan tersebut terutama diasosiasikan dengan diskripsi Thomas Hobbes terhadap keadaan manusia.[1] Pemikiran Thomas Hobbes Dalam buku karangan Thomas Hobbes berjudul Leviathan ia menyebutkan bahwa pertama-tama keadaan manusia tanpa perang adalah bahwa semua ma...

Sự kiện Hướng đạo Trại Họp bạn Hướng đạo Thế giới lần thứ 11 Dữ liệu về sự kiện Tên: Trại Họp bạn Hướng đạo Thế giới lần thứ 11 Địa điểm: Marathon Quốc gia: Hy Lạp Thời gian Năm 1963 Tham dự 10.000 Hướng đạo sinh Cổng kiến thức Hướng đạo Trại Họp bạn Hướng đạo Thế giới lần thứ 11 (11th World Scout Jamboree) được Hy Lạp tổ chức năm 1963 ở Marathon. Đoàn đông nhất...

 

Highway in Florida, United States Florida's Turnpike State Road 91 Ronald Reagan Turnpike Sunshine State Parkway (formerly) Florida's Turnpike highlighted in redRoute informationMaintained by Florida's Turnpike EnterpriseLength264.666 mi[1] (425.939 km)308.757 mi (496.896 km) including Homestead ExtensionExistedJanuary 25, 1957–presentMajor junctionsSouth end I-95 / US 441 / SR 9 / SR 826 in Miami GardensMajor intersec...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!