Ирански календар (персиски: سالنمای هجری خورشیدی), познат и како Персиски или Џалалов календар, сончев календар кој денес се користи во Иран и во Авганистан. Почнува секоја година на пролетна рамнодневница точно одрена со астрономски набљудувања од Техеран (околу 52,5° ИГД, по кој е определено и Иранското стандардно време) и на Кабул, што го прави поточен од грегоријанскиот календар, но и потешко е да се определи кога ќе биде некој одреден датум.
Календарот е воведен во селџучкиот султан Џалал ел Дин Малик шах I на 15 март 1079 година, врз основа на препорака од комитетот на астрономи, помеѓу кои бил и Омар Хајам, во царската опсерваторија во приестолнината Исфахан.[1] Календарот поседувал најточно пресметана сончева година во тоа време, пресметувања на месеците се базирале врз поминувањето на Сонцето низ хороскопот, со што се интегрирани идеите од Сурија сидханта (Индија од 4 век од н.е.). Од 1258 година биле вклучени и некои идеи од Кинеско-ујгурскиот календар. Календарот бил во употреба осум векови во непроменета состојба, сè додека не е ревидиран во 1925 година, со повелбата на иранскиот Меџлис за да би имал поправилни должини на месеците.
Наводи
|
---|
| Системи | |
---|
| Во широка употреба | |
---|
| Поретко употребувани | | | Видови | |
---|
| Христијански видови | |
---|
|
---|
| Историски | |
---|
| Според примена | |
---|
| Предложени | |
---|
| Измислени | |
---|
| Приказ и примена | |
---|
| Именување на годините и броење | |
---|
| |
|