Игрите се рекреативни активности што вклучуваат еден или повеќе играчи. Една игра може да се дефинира според:
А. целта што играчите се обидуваат да ја постигнат
Б. одреден сет на правила што одлучуваат што играчите можат а што не можат да прават.
Игрите постојат главно за забава и уживање, но исто така тие можат да имаат и образовна или симулативна улога. Во тој поглед, во својот роман „Браќа Карамазови“, рускиот писател Фјодор Достоевски ја дефинира играта како „уметност, во никулец, потреба за уметност уште во зачеток, во младата душа“.[1]
Игрите можат да вклучуваат еден играч што дејствува сам или два или повеќе играчи што дејствуваат соработнички. Повеќето вклучуваат натпревар меѓу два или повеќе играчи. Преземајќи дејство што спаѓа надвор од правилата општо земено претставува фаул или мамење.
„Игри во затворено“ (англиски: Indoor Games) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[20]
„Компјутерски игри“ (англиски: Computer Games) — песна од истоимениот албум на американскиот фанк-музичар Џорџ Клинтон (George Clinton) од 1982 година.[21]
„Дикиевата игра“ (српски: Дикијева игра) — песна на македонската рок група Леб и сол од 1978 година.[22]
↑Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 77.
↑Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 10.
↑Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 138-141.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 326.