Иванковски историско-роднокраен музеј

Иванковски историско-роднокраен музеј
Іванківський історико-краєзнавчий музей
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Основан21 февруари 1981
Затворен27 февруари 2022
МестоИванков
Координати50°55′44″N 29°54′17″E / 50.929° СГШ; 29.9046° ИГД / 50.929; 29.9046
Типлокална култура и историја
Важни поставкидела на Марија Примаченко
Збирки/Одделенијауметност, облека, природонаука
ДиректорЛ. Киреј (од 1997 г.)
Мреж. местоМатична страница (украински)

Иванковски историско-роднокраен музеј (украински: Іванківський історико-краєзнавчий музей) — музеј во Иванков, Киевска Област, Украина, кој бил наводно уништен во руската инвазија на Украина во 2022 година, што довело до загуба на над дваесет дела од сликарката Марија Примаченко.

Историја

Иванковскиот историско-роднокраен музеј бил отворен на 21 февруари 1981 година и се наоѓа на археолошко наоѓалиште од средниот век. Музејот вклучува неколку поставки: за Чернобил, Авганистан и Втората светска војна.[1] Од 2016 до 2018 година музејот бил дограден за да може да ги смести проширувањата кон збирката од неготово основање.[2] Во 2021 година, музејот имал изложба за еврејското наследство од Иванков.[3]

Збирка

Збирката во музејот вклучува дела од сликарката Марија Примаченко и облека од Хана Верес и нејзината ќерка, Валентина.[1] Збирката на музејот исто така вклучува артефакти од археолошкото наоѓалиште и природонаучни артефакти.[1]

Извештаи за уништување

На 27 февруари 2022 година, во текот на Битката кај Иванков, воена операција при руската инвазија на Украина во 2022 година, музејот бил наводно запален, со загуба на над дваесет дела на сликарката Марија Примаченко.[4][5] Директорот на Вишгородскиот историски и културен резерват, Влада Литовченко, ја опишал загубата како „непоправлива“ во објава на друштвените мрежи.[6]

Како одговор на тоа, министерот за култура на Украина, Олександар Ткаченко, побарал поради тоа Русија да биде исфрлена од УНЕСКО.[7] На 28 февруари, Меѓународниот совет на музеи издал изјава во која го осудил „намерното уништување (со пожар)“ на музејот.[8]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 „Музей — Іванківський музей“. ivankiv-museum.site. Посетено на 2022-02-28.
  2. „Іванківський районний історико-краєзнавчий музей“. resource.history.org.ua. Посетено на 2022-02-28.
  3. „Іванків єврейський — Іванківський музей“. ivankiv-museum.site. Посетено на 2022-02-28.
  4. „Russian invaders burn down Ivankiv Museum. Maria Prymachenko's artwork destroyed“. Ukrayinska Pravda (англиски). Посетено на 2022-02-28.
  5. Giorgobiani, Natia (2022-02-28). „A museum with unique works by Maria Primachenko burned down near Kiev“. Perild (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-02-28. Посетено на 2022-02-28.
  6. „Україна втратила понад 20 робіт Марії Примаченко внаслідок нападу Росії – Литовченко“. Радіо Свобода (украински). Посетено на 2022-02-28.
  7. „Museum of Maria Pryimachenko's paintings burns down during Russian offensive (video) (видео)“. LB.ua. Посетено на 2022-02-28.
  8. „Statement by the ICOM-US pertaining to the news of the destruction of the Historical and Local History Museum at Ivankiv“. incus.memberclicks.net. Посетено на 2022-03-01.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!