Иван Владимирович Мичурин (Долгоево, 15 октомври1855 - 7 јуни1935), советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање нови сорти. Работеше врз вкрстувањето меѓу водовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е поотпорно.