Иван Антоновски

Иван Антоновски
Роден 30 јули 1990
Скопје, СФРЈ (денес Македонија)

Иван Антоновски (Скопје, 30 јули 1990) — македонски поет и есеист, книжевен критичар, книжевен преведувач и публицист. Работи како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Скопје.

Животопис

Роден е во 1990 година во Скопје. Автор е на повеќе книги поезија, проза, есеистика и публицистика, а застапен е во повеќе домашни и меѓународни поетски антологии и зборници. Дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како првенец на генерацијата. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија.

Творештво

Поезија

  • Крикови од неископан гроб, Скопје, Панили, 2013
  • Обиди за (пре)создавање песна, Белград, Граматик, 2021 (избор, на српски)

Есеи

  • (Не)отворени прашања, 2014
  • Острење од тапоста, 2015

Студии

  • Идентитетот е приказна (книга за есеистиката на Горан Стефановски), Скопје, Полица, 2022
  • Просто и строго – Конески, Скопје, Матица македонска, 2023

Публицистика

  • Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов, Скопје, Дијалог, 2023

Хибридни форми

  • Обиди за (пре)создавање песна, (поезија и есеи), 2017

Антологии

  • Ветерот носи убаво време, (коприредувач), 2012
  • Од копнеж до ерос, (македонска љубовна лирика), 2013
  • Ново раѓање на зборот, (коприредувач) 2023

Награди

Иван Антонивски е прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му е доделено признанието „Успешни млади“. Добитник е на повеќе награди, како:

  • „13 Ноември“ на Град Скопје.
  • Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ.
  • Тодор Чаловски“ што ја доделува Здружението за литература, култура и уметност „Галикул“ (2016).
  • Наградата за необјавена песна „Антево слово“ (2021).
  • Наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ (2023).

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!