Зоран Попоски (Скопје, 1974) — македонски визуелен уметник.
Основни биографски податоци
Дигитален уметник и апстрактен сликар. Магистрирал уметност во нови медиуми во Линц, Австрија, а докторирал Студии на културата. Остварил студиски престои во Њујорк, Портланд, Берлин, итн. Добитник е на повеќе меѓународни признанија.[1]
Реализирал 100 самостојни и групни изложби во: САД, Германија, Франција, Италија, Македонија, Австрија, Турција, Словенија, Порторико, Кина, итн. Негови јавни уметнички проекти се прикажани на видео билборди, билборди и плакати во Њујорк, Даблин, Скопје, Хонгконг, итн.[2]
Трансдисциплинарната уметничка пракса на Попоски претставува комбинација од видео, перформанс и дигитални графики, и ги истражува прашањата на лиминалноста и постојаната менливост/продуцирање на идентитетот, територијата и јавниот простор.[3][4]
Автор е на книга за пресекот на уметноста во новите медиуми и активизмот, „Простори на моќта“ (Скопје: Темплум, 2009).
Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).[5]
Наводи
- G. Haagsma, Saatchi Online Magazine Critic’s Choice: Top 10 New Media Artists, Saatchi Online Magazine[мртва врска], август 2009.
- К. Б., Јасна Котеска – предлог за име на скопска улица, Утрински весник[мртва врска], 25 јуни 2009, 15.
- К. Богоева, Денеска е важно каде ти е базата, Утрински весник Архивирано на 28 мај 2009 г., 26 мај 2009, 17.
- Македонскиот уметник Зоран Попоски награден во Шпанија, Culture in MK[мртва врска], 27 април 2009.
- В. Величковски, Свежо и веќе видено, Вечер[мртва врска], 25 февруари 2009, 18.
- И. Васева, Уметничкиот идентитет притиснат од глобализацијата, Време[мртва врска], 18 февруари 2009, 21.
- T. Tricarico, L’esposizione: D’Alterio e Poposki sulla linea del confine, Il Mattino, 17 април 2007, 35.
- В. Галевски, Зоран Попоски, Форум плус, 16 март 2007, 40-41.
- Зоран Попоски меѓу 24 уметници од светот, Време[мртва врска], 1 септември 2006, 21.
Надворешни врски