Знамето на Лесото е официјалното знаме на оваа африканска држава кое било усвоено на 4 октомври2006 година. Знамето е составено од три еднакви хоризонтални ленти во сина, бела и зелена боја со црно мокоротло или Басото капа во средината. Ова знаме било воведено по повод 40 години од независноста на државата и ја симболизира мирната политичка ориентација на земјата.[1][2] Во поранешните знамиња имало приказ на Басото штит.