Филмот „Златно око“ е режиран од режисерот Мартин Кембел, а главните улоги ги толкуваат Пирс Броснан, Шон Бин, Изабела Скорупко, Фамке Јансен, Џуди Денч и Алан Каминг. Овој филм претставува 17. продолжение од циклусот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд. Истовремено, ова е првиот филм во кој улогата на Бонд ја игра Пирс Броснан. Насловната песна од филмот била напишана од Боно и Еџ од групата "У2", во изведба на Тина Тарнер.[1]
Содржина
Во филмот, Џејмс Бонд го спасува светот од катастрофа откако моќно сателитскооружје доаѓа во погрешни раце. Тој брза кон Русија во потрага по украдениот код за „Златното око“, но неговата задача ја отежнува еден опасен агент.[2][3]
Наводи
↑„Бонд го спасува светот од катастрофа“, Антена, број 813, 24.1.2014, стр. 3.