Западниот африкански црн носорог (Diceros bicornis longipes), познат и како Западен црн носорог, беше подвид на Црниот носорог. Во ноември 2011 година беше прогласен за изумрен вид.[1][2] Во минатото бил распространет низ саваните во централно-западна Африка. Се смета дека неговото изумирање е предизвикано од прекумерниот нелегален лов.
Особености
Западниот црн носорог е со должина од 3 до 3,8 метри, висина од 1,3 до 1,6 метри и тежина помеѓу 795 и 1360 килограми. Имаат два рога, првиот со должина 55-135 сантиметри, а вториот е помал и има должина од 2,5 до 55 сантиметри.
Популација
Западниот црн носорог бил масовно ловен на почетокот на 20-от век, но популацијата се зголемила за време на 1930-те откако се преземени мерки за заштита. Како напорите за заштита се намалувале, така се намалувал и бројот на овие носорози. До 1980 година популацијата броела само неколку стотини единки. Ловокрадството продолжило и понатака па во 2000 година останале само 110 единки. Во почетокот на 2006 година, по интензивните пребарувања во Камерун (последното живеалиште на овој подвид), не бил пронајден ниту еден носорог. По овие вести Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП) привремено го става Diceros bicornis longipes на списокот на изумрени видови. Ловокрадството, лимитираните напори за заштита и малите казни за ловокрадците се главна причина за изумирање на овој подвид. Не постојат животни од овој подвид кои се чуваат во зоолошките градини. Во ноември 2011, Меѓународниот сојуз за заштита на природата го прогласува подвидот е прогласен за изумрен.[1]
Наводи
Надворешни врски