Железничка станица Баку (азерски: Bakı Dəmir Yolu Vağzalı) — железничка станица која се наоѓа во Баку, Азербејџан. Таа служи за железничко поврзување на градот со други дестинации во Азербејџан, како и со Грузија и Русија.
Историја
Првата станица била изградена во 1880 година, за време на отворањето на железницата Баку-Тбилиси, во мавритански стил.[3] Првата станица беше урната бидејќи не можеше да се справи со зголемениот сообраќај. Втората и сегашна станица била изградена во 1926 година, исто така во мавритански стил.[4]
Во 1967 година, железничката станица била поврзана со метро станицата 28 Мај со пешачки тунел.[5]
Во 1977 година, станицата била темелно реконструирана, при што била изградена нова станица до соседната стара станица.[4]
Во 2017 година, Азербејџанските железници повторно го изградиле комплексот на станицата. За време на реновирањето, тие ја вратиле внатрешноста на станицата, воведувајќи LCD-екрани со информации за распоредот на возовите за патниците. Покрај тоа, поради значителното зголемување на патничкиот сообраќај, како и потребата да се обезбеди удобна околина при купување на билети, било одлучено да се подели просторот за меѓуградски и меѓународни возови. Дизајнот на просториите не го нарушил целокупниот архитектонски стил. Декорацијата била направена од природни и вештачки материјали идентични на оригиналот. Во зградата на станицата има хотел со соби за сместување.[6]
Линии
Слики
-
Разгледница, околу 1910 година
-
Перони, февруари 2017 година
-
-
Електрична локомотива AZ4A-0002 со патнички вагони на станицата, 2019 година
Наводи
Надворешни врски