Емори Ендру Тејт Трети (англиски: Emory Andrew Tate III) — британско-американски поранешен кикбоксер и интернет-знаменитост. По неговата боксерска кариера, Тејт почнал да организира платени курсеви и членства, а неговиот подем до славата бил кога се свртел кон влијателниот маркетинг. Неговите изјави за теми како сексуалното насилство биле критикувани како спорни и женомразни, што довело до прекин на неговите сметки на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Тикток.[1][2]
Ран и личен живот
Тејт е роден на 1 декември1986 година во Вашингтон, а пораснал во Лутон, Англија.[3][4] Неговиот афроамериканскитатко, Емори Тејт, бил шаховски мајстор на ФИДЕ.[5] Неговата мајка работела како угостителска помошничка.[4] Тејт научил да игра шах на петгодишна возраст и учествувал на турнири за возрасни како дете.[5] Во октомври2022 година, медиумите објавиле дека тој преминал во ислам.[6] По гласините дека видеото од него како се моли во ОАЕ станало општопознато, Тејт го потврдил неговото преобраќање во ислам на мрежното место Гетр (англ. Gettr) на 24 октомври.[7]
Спорност
Во 2016 година, Тејт го привлекол вниманието на јавноста откако бил отстранет од седумнаесеттата сезона на Големиот брат по објавувањето на видеото во кое Тејт се чини дека тепа жена со појас. После тоа, тој бил отстранет од емисијата. Тејт рекол дека дејствијата биле заемни и споделил видео на Фејсбук од жена, тврдејќи дека е жената на видеото, и велејќи дека сето тоа било „игра“.[8][9]
Тој исто така привлекол внимание поради неговите твитови во кои ги истакнува неговите ставови за она што се определува како сексуално вознемирување во случаите на сексуален напад на Харви Вајнштајн, и за неколку објави на Твитер за неговиот став дека жртвите на сексуален напад ја делат одговорноста за нивните напади.[8] Во 2017 година, Тејт рекол дека депресијата не е вистинска болест, што нашло на значителни одгласи.[8][10]
Во сега избришаното видео објавено на неговиот канал на Јутуб, Тејт рекол дека одлучил да се пресели во Романија бидејќи е полесно да се ослободи од обвиненијата за силување во Источна Европа.[11] Во април2022 година, Дејли бист објавил дека романската полиција извршила рација во домот на Тејт во врска со истрага за трговија со луѓе и силување, поттикнати од извештаите дека Американка била држена на имотот против нејзина волја.[12] Романските власти на имотот нашле и Романка и Американка. Од април 2022 година, романските власти соопштиле дека истрагата сè уште е во тек. Портпаролот на Американскиот државен оддел се осврнал на извештајот за грабнувањето, но одбил да толкува повеќе, наведувајќи ги причините за приватност.[13]