Езера (арапски: البحيرات/ al-Buhayrat, англиски: Lakes) е една од десетте сојузни држави во Јужен Судан. Езера има вкупна површина од 40,235 км2 и главен град е Румбек. Географски, државата е дел од регионот Бахр ел-Газал. На североисток се наоѓа Единство, на исток е Џонглеј, на северозапад е Варап, на југ и запад е Западна Екваторија и на југ е Централна Екваторија.
Окрузи
Во државата Езера се наоѓаат следните округи:[1]
- Аверијал
- Куејбет
- Румбек Централен Округ
- Румбек Источен Округ
- Румбек Северен Округ
- Вулу
- Јирол Источен Округ
- Јирол Западен Округ
Наводи
Поврзано