Блит е роден на 23 декември 1810 во Лондон. Во 1841 година отпатувал за Индија каде станал куратор на музејот Royal Asiatic Society of Bengal (Кралско азиско здружение на Бенгал). Започнал со осовременување на музејските каталози и во 1849 го објавил каталогот на птициCatalogue of the Birds of the Asiatic Society. Самиот тој не можел да ги спроведе теренските истражувања, но опишал многу видови на птици, чии примероци тој ги добивал од Алан Октавијан Хјум, Семјуел Тикел, Роберт Свајно и други научници. До 1862 година тој продолжил со кураторството, сè додека болеста не го натерала да се врати во Англија. Во 1881 година било објавено неговото дело The Natural History of the Cranes.
Едвард Блит напишал три статии за варијацијата, зборувајќи за ефектите на вештачката селекција и опишувајќи го процесот во природата (подоцна наречен природна селекција) како возобновување на организмите во дивината до нивниот архетип (наместо создавање на нови видови). Но, тој никогаш не го користел поимот „природна селекција“[1]. Овие статии биле објавени во Magazine of Natural History меѓу 1835 и 1837[2][3].
Во февруари 1855, Чарлс Дарвин, барајќи информации за варијациите кај домашните животни од различни земји, му пишал на Блит и тие соработувале по ова прашање. Блит бил меѓу првите кои го признале значењето на волесовата статија On the Law which has regulated the introduction of Species и му го воочил на Дарвин во писмо напишано во Калкута на 8 декември1855.
Дарвин имал високо мислење за Едвард Блит: во првото поглавје од „За потеклото на видовите“ напишал: „Г-динот Блит, чие мислење, од неговото големо и разновидно знаење, би требало да го ценам повеќе од речиси било кој ...“[4].
Наводи
↑Dobzhansky, Theodosius 1959. Blyth, Darwin, and natural selection. The American Naturalist93(870):204-206.
↑Blyth, E., The Magazine of Natural History Volumes 8, 9 and 10, 1835–1837.