Душан Перев Бешироски (1909 во Дабница, Прилепско — 20 септември 1942 во Дабница, Прилепско) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
Душан Перев Бешироски е роден во 1909 година во селото Дабница. По занимање бил земјоделец. Како активен соработник на Народноослободителната борба, бил откриен од бугарската полиција, и бил фатен и ѕверски мачен, и потоа стрелан во месноста завој кај Дабница на 20 септември 1942 година.[1]
Наводи
- ↑ . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. CS1-одржување: друго (link)