Дрвото на животот, Фриз Стокле (француски: L'Arbre de Vie, Stoclet Frieze) ― слика на австрискиот симболистички сликар Густав Климт. Завршена била во 1909 година и е заснована на современиот стил (југендстил) во симболичен сликарски жанр. Димензиите на сликата се 195 на 102 см,[1] и се наоѓа во Музејот за применета уметност, Виена, Австрија.[2]
Сликата е студија за серијал од три мозаици создадени од Климт за нарачан труд од 1905-1911 година во Стоклевиот дворец во Брисел, Белгија. Мозаиците биле создадени во периодот на доцните дела на уметникот и прикажуваат вртливи дрвја на животот, стоечка женска фигура и преграткана двојка. Мозаиците се распослани преку три ѕида од трпезаријата на Дворецот, заедно со два фигурални делови поставени еден спроти друг.[3]
Иконската слика подоцна ја вдахнала надворешната фасада на „Новата резиденцијална сала“ (исто така наречена „Куќа на дрво“), шарена студентска резиденцијална сала од 21 кат на колеџот за уметност и дизајн во Бостон, Масачусетс.[4]
Поврзано
Наводи