Дона Барбара

Дона Барбара
Податотека:Dona-Barbara-trioa 484x363.JPG
Лого на серијата
Жанрдрама
теленовела
Создадена одРомуло Гаљегос
УлогиЕдит Гонсалес
Кристијан Меиер
Генесис Родигез
Марица Родригес
Земја на потеклоСАД / Колумбија
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди190
Производство
Извршен продуцент(и)Аурелио Варкарцел Карол
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелемундо
Првично прикажување4 август 2008 – 22 мај 2009
Хронологија
СледбеникДиабло
Надворешни врски
Мрежна страницаtv.telemundo.yahoo.com/donabarbara/index.html

Дона Барбара (шпански јазик: Doña Bárbara) е колумбиска теленовела. Серијата во САД со прикажување започна на 4 август 2008 во ударниот термин. Серијата е адаптирана според истоимената книга од 20 век. Во главните улоги се појавуваат Едит Гонсалес и Кристијан Меиер.

Серијата кај нас се емитува на Сител телевизија.

Синопсис

Барбара е млада и романтична девојка, одгледана среде џунглата од група венецуелски банди. Таа е лудо вљубена во нејзиниот свршеник Асдрубал, но една трагедија ќе и го одбележи животот засекогаш. Група бандити ја силуваат и го убиваат мажот кој толку го сакала. Од тој момент во неа се раѓа луда желба за одмазда кон мажите. По патот ја среќава Еустакија, една добра жена, која и помага да се помири со тоа и станува како нејзина мајка. Покрај лекувањето, омразата на Барбара кон мажите расте. Таа си ветува дека ќе им се одмазди и ги искористува само за лична сметка. Таа го заведува моќниот Лоренсо Бакеро и му ги краде сиот имот. Измачен, тој запаѓа во беда и алкохолизам. Од врската се раѓа ќерката – Марисела, која е принудена да живее заедно со измачениот татко, бидејќи г-ѓа Барбара не сака да биде мајка. Г-ѓата се претворува во многу богата жена, која управува со целиот регион и сите и се поклонуваат и се плашат од неа. Но, 15 години подоцна во месноста пристигнува Сантос Лисардо. Амбициозниот адвокат дошол од Каракас за да ја додели сопственоста на семејните земји. Тој наскоро открива, дека г-ѓа Барбара контролира со железната рака. Сантос решава да се бори, за да го спаси чичко му Лоренсо, и да ја образува младата Марисела. Барбара се вљубува во Сантос, додека тој се вљубува во ќерка и Марисела. Тоа ќе го направи дејството на љубовен триаголник, во која мајката и ќерката се борат за еден ист маж.

Улоги

Глумци Ликови
Едит Гонсалес Барбарита ‘Г-ѓа Барбара’ Гуаимаран
Кристијан Мејер Сантос Лисардо
Хенесис Родригес Марисела
Марица Родригес Асунсион
Хенкарлос Канела Асдурбал
Кети Барбери Сесилија
Арап Бетке Антонио Сандовал
Пауло Кеведо Балбино Паиба

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!