Дија (позната и како Јупитер LIII) — втора најоддалечена напредна неправилна месечина на Јупитер. Првично била позната како S/2000 J 11, а своето име го добила на 7 март 2015 година.[2] Била именувана по Дија, ќерка на Дејон. Според Хомер, била заведена од Зевс.
Првичните откритија не биле обновувани и Дија не била набљудувана повеќе од една деценија по 2000 година. Ова наводно исчезнување довело некои астрономи да ја сметаат месечината за изгубена.[7] Една теорија била дека се срушила во Хималија, создавајќи прстен околу Јупитер.[8] Меѓутоа, на крајот била повторно откриена во набљудувањата направени во 2010 и во 2011 година.[1]
↑Sheppard, S. S.; Jewitt, D. C.; Porco, C.; Jupiter's outer satellites and TrojansАрхивирано на 14 јуни 2007 г., in Jupiter: The planet, satellites and magnetosphere, edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, William B. McKinnon, Cambridge Planetary Science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, ISBN0-521-81808-7, 2004, pp. 263-280