Дина: Втор дел (англиски: Dune: Part Two) — епски научнофантастиченфилм од 2024 г. заснован на романот „Дина“ на Френк Херберт. Тоа е продолжение на филмот „Дина“ (2021) и дел од истоимената медиумска франшиза. Режисер на филмот е Дени Вилнев, а сосценарист е Џон Спејтс. Главните улоги ги толкуваат Тимоти Шаламе, Зендеја, Ребека Фергусон, Хавиер Бардем, Џош Бролин, Дејв Батиста, Стелан Скарсгорд.[3][4]
Премиерата на филмот во САД била на 1 март 2024 г., а во Македонија на 29 февруари 2024 г.[5]
Содржина
Пол Атреид се обединува со Чани и Слободните (Фремени) додека бара одмазда против заговорниците што го уништиле неговото семејство.[5]