Димитрие Дурацовски (15 февруари 1952, Струга) — македонски писател.
Животопис
Дурацовски е роден на 15 февруари 1952 година во Струга.[1]. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје. Работи како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Член е на ДПМ од 1989 година.
Творештво
Дурацовски е автор на книгите:
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]
Дурацовски е припадник на т.н. петта генерација или Петти круг на автори, кои на македонската книжевна сцена се јавиле во 1980-тите години. Целиот опус на Дурацовски е во знакот на постмодернизмот. Со романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој направил голем пресврт во стилот. Во двете збирки раскази, тој пишуваал во стилот на фантастиката и ониричноста, со користење цитати, парафрази и позајмувања од други книжевни дела. Во „Инсомнија“, тој ја напуштил строгата, контролирана функционалност, вметнувајќи долги автобиографски пасажи и есеизирања. Во романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој ја напуштил функционалната димензија и навлегува во т.е. постмодерна носталгија.[4]
За романот „Insomnia“, Дурацовски ја добил наградата „Рациново признание“.[5]
Награди
Во 2019 година, Дурацовски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.[6][7]
Значење и влијание
Наводи
- ↑ Cvetanovski, Savo; Milena Mitrovska, Michael Black (1990). Аnthology of the Macedonian postmodern short story. Naša kniga.
- ↑ Роберт Алаѓозовски, „Постмодерна носталгија“, Економија и бизнис, број 198, 25 декември 2014, стр. 83.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 105-109.
- ↑ Роберт Алаѓозовски, „Постмодерна носталгија“, Економија и бизнис, број 198, 25 декември 2014, стр. 83-84.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 85.
- ↑ „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ПЕПИ МИРЧЕВСКИ, ДИМИТРИ ДУРАЦОСКИ И ЉУПЧО КОЦАРЕВ на семрежното место на САКАМ ДА КАЖАМ
- ↑ „Награда за животно дело за глумецот Мирчевски“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 17.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 311-312.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 393-395.