„Детство“ (руски: Детство) е книга од Лав Толстој. Тоа е првото книжевно дело на Толстој, објавено во 1852 година.
Изданија на македонски јазик
Книгата е објавена во 1966 година од книгоиздавателството „Кочо Рацин“, во рамките на библиотеката „Златна клупа“, а преводот на македонски јазик го извршил Александар Ежов. Книгата има 180 страници и испечатена е во печатницата „Нова Македонија“ од Скопје, во јуни 1966 година, а во тираж од 10.000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не го поседува меѓународниот број ISBN. Ликовното уредување на корицата и внатрешните илустрации се дело на Јован Петров, а техничкото уредување го извршил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Драга Стефанова.[1]
Содржина
Краткиот роман „Детство“ има автобиографски карактер. Книгата се состои од 28 поглавја, и тоа:[2]
- Глава I: Учителот Карл Иванич
- Глава II: MAMAN
- Глава III: ПАПА
- Глава IV: Часовите
- Глава V: Божјакот
- Глава VI: Подготовките за на лов
- Глава VII: Ловот
- Глава VIII: Игрите
- Глава IX: Нешто како прва љубов
- Глава X: Каков човек беше татко ми?
- ГлаваXI: Занимавањата во кабинетот и во гостинската соба
- ГлаваXII: Гриша
- ГлаваXIII: Наталја Савишна
- ГлаваXIV: Разделбата
- Глава XV: Детството
- Глава XVI: Стиховите
- ГлаваXVII: Кнегиња Корнакова
- ГлаваXVIII: Кнез Иван Иванич
- Глава XIX: Ивини
- Глава XX: Се збираат гостите
- ГлаваXXI: Пред мазурката
- ГлаваXXII: Мазурката
- ГлаваXXIII: По мазурката
- ГлаваXXIV: Во постелата
- Глава XXV: Писмото
- Глава XXVI: Што нè чекаше в село
- Глава XXVII: Жалоста
- Глава XXVIII: Последни тажни спомени
Наводи
- ↑ Л. Н. Толстој, Детство, Скопје: Кочо Рацин, 1966.
- ↑ Л. Н. Толстој, Детство, Скопје: Кочо Рацин, 1966.