Поголемот број од населението на Свазиленд се етнички свази, со мал процент на мешано население со белци. Во последно време во Свазиленд се доселуваат емигранти од Мозамбик и доселеници од Португалија.
Религија
Најголема религија во Свазиленд е христијанството, но сепак тоа помешано со локални верувања и обичаи.
Јазикот свази е дел од групата на банту-јазици кој се зборува во Свазиленд и ЈАР. Јазикот го зборуваат околу 2,5 милиони луѓе и се учи во училиштата. Тој е службен јазик во Свазиленд, заедно со англискиот и е еден од 11-те службени јазици во ЈАР.