Данило Луис да Силва

Данило
Лични податоци
Полно име Данило Луис да Силва[1]
Роден на 15 јули 1991(1991-07-15)(33 г.)[2]
Роден во Бикас, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 6
Младинска кариера
Америка Минеиро Америка Минеиро
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2010 Америка Минеиро Америка Минеиро 15 (0)
2010-2011 Сантос Сантос 49 (5)
2012-2015 Порто Порто 91 (11)
2015-2017 Реал Мадрид Реал Мадрид 41 (3)
2017-2019 Манчестер Сити Манчестер Сити 34 (4)
2019- Јувентус Јувентус 115 (7)
Репрезентација
2011 Бразил Бразил 20 12 (2)
2012 Бразил Бразил 23 5 (1)
2011- Бразил Бразил 51 (1)

Данило Луис да Силва (роден на 15 јули 1991 во Бикас) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на бразилската репрезентација.

Технички карактeристики

Десен бек со одлични тркачки способности и добра поединечна техника, способен да игра и како десно крило; исто така може да се користи и како лев бек.[3]

Кариера

Почетоци и Сантос

Данило е роден во Бикас, Минас Жераис. Во младинските години од својата кариера тој играл за екипите на Тупинамбас и Америка Минеиро,[4] а со вториот клуб се натпреварувал и на сениорско ниво во Кампеонато Минеиро и во бразилската Серија Ц, која ја освоиле во 2009 година и избориле промоција.[5]

Во мај 2010 година, Данило се преселил во Сантос. Своето деби за новиот клуб го направил на 21 јули 2010, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Марањао, во поразот со 2-0 од Атлетико Паранаенсе во лигата. Својата прва сезона во клубот ја завршил со 26 настапи и 4 гола во лигата. Во 2011 година, Данило ја освоил Кампеонато Паулиста - неговиот прв трофеј со клубот - и дебитирал во Копа Либертадорес. Во април 2011 година, тој постигнал гол во три последователни натпревари од Копа Либертадорес против екипите на Коло Коло, Серо Портењо и Депортиво Тачира.[6] Данило ги одиграл комплетните 90 минути од двата натпревари од Финалето на Копа Либертадорес 2011 против уругвајскиот Пењарол, првиот како централен играч од средниот ред а вториот како десен бек, и го постигнал решавачкиот гол во победата со 2-1 на домашен терен по ремито без голови во првиот натпревар одигран во Монтевидео.[7]

Порто

Данило (во средина) во акција со Порто во летото 2013.

На 19 јули 2011 година, Данило бил купен од Порто за 13 милиони евра,[8][9] а во договорот кој тој го потпишал со клубот била вметната откупна клаузула од 50 милиони евра.[10] Данило останал во Сантос до декември 2011 година за да се натпреварува на Светското клупско првенство.[11]

Своето деби за португалците го направил на 22 јануари 2012, влагувајќи како замена во второто полувреме во победата на домашен терен со 3-1 над Виторија Гимараеш.[12] Првично, тој бил замена на Кристијан Сапунару, но наскоро се утврдил како прв избор и заедно со неговиот сонародник Алекс Сандро (кој пристигнал во клубот исто така од Сантос во исто време како и Данило), кој бил прв избор по левата страна, претставувале едни од најдобрите бековски тандеми во Европа.[13] Со Порто, Данило освоил две титули во португалското првенство (2011–2012, 2012–2013) и два Суперкупа на Португалија (2012 и 2013).

Реал Мадрид и Манчестер Сити

На 31 март 2015, било објавено дека Данило во јули 2015 ќе му се приклучи на Реал Мадрид откако потпишал шестгодишен договор со клубот во трансфер вреден 31.5 милиони евра.[14][15] Своето деби за кралевите го имал на 23 август, во ремито без голови против новакот во лигата Спортинг Хихон, во првото коло од новата сезона во шпанското првенство.[16] На 24 октомври го постигнал својот прв гол за Реал, во гостинската победа со 3-1 над Селта.[17] Во неговата прва сезона во Мадрид, Данило придонел во освојувањето на Лигата на шампионите, забележувајќи 7 настапи за Реал Мадрид во ова натпреварување. Во финалето против Атлетико Мадрид, тој влегол како замена за повредениот Дани Карвахал во почетните минути од второто полувреме, а по конечните 1-1 Реал ја освоил титулата поразувајќи ги градските соперници по изведување на пенали.[18]

Следната сезона Данило забележал 17 настапи и еден гол помагајќи му на Реал Мадрид да ја освои шампионската титула во Примера Дивисион,[19] за првпат во последните пет години.[20][21] Тој исто така одиграл и три натпревари во Лигата на шампионите, каде кралевите успеале да ја одбранат титулата победувајќи го Јувентус во финалето, во кое Данило останал на клупата како неискоритена замена.

Данило со Манчестер Сити во летото 2017.

На 23 јули 2017 година, Данило потпишал петгодишен договор со англискиот Манчестер Сити,[22][23] а сумата на трансферот изнесувала 26.5 милиони фунти.[24] Својот прв гол за Сити го постигнал на 23 декември, во победата со 4-0 на домашен терен против Борнмут.[25] Во двете сезони како фудбалер на Манчестер Сити, Данило освоил две титули во Премиер лигата (2017-2018, 2018-2019), два Лига купа (2017-2018, 2018-2019) и еден ФА Куп (2018-2019), но времето поминато во клубот најчесто го поминувал на клупата како резерва на Кајл Вокер.

Јувентус

На 7 август 2019, Данило се преселил во Јувентус за 37 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клубот од Торино.[26] Во договорот бил вклучен и Жоао Кансело, кој се преселил во спротивна насока од Јувентус во Манчестер Сити.[27] Своето деби за Јувентус го направил на 31 август, во натпреварот против Наполи (4-3) во Серија А заменувајќи го повредениот Матија Де Шиљо во 15-тата минута, а само 28 секунди подоцна го постигнал својот прв гол за клубот; голот бил најбрзиот постигнат од страна на странски играч во историјата на Серија А.[28] Во вториот дел од сезоната, тој постигнал уште еден одлучувачки гол на гостувањето кај Сасуоло на 15 јули 2020 година во ремито 3-3 на Стадионот Мапеи, а на крајот на сезоната ја освоил својата прва титула во италијанското првенство.

Во втората сезона од неговата црно-бела авантура, дошло до промена во тренерското водство од Маурицио Сари во Андреја Пирло што му помагнало на Бразилецот, кој во новата улога на трет централен дефанзивец составува низа убедливи изведби, кои го прават еден од камен-темелниците во составот на бјанконерите и незаменлив шраф на тактичко ниво. На 10 јануари 2021 година, тој го пронашол својот прв гол за сезоната, погодувајќи ја мрежата на Сасуоло со прекрасен удар од далечина со што го отворил резултатот во натпреварот за потоа да даде и асистенција за голот на Кристијано Роналдо со кој бил поставен конечниот резултат 3-1 за Јувентус.[29][30] Десет дена подоцна, го освоил својот втор италијански трофеј, со победата во Суперкупот на Италија со 2-0 против Наполи.[31] На 19 мај, со Јувентус го освоил и Купот на Италија, победувајќи ја Аталанта во финалето.[32]

Во сезоната 2021-2022 Јувентус не го започнал најдобро патувањето во лигата и бил принуден уште од првите денови да ги брка директните противници. Во оваа клима, дополнително комплицирана со продажбата на Кристијано Роналдо откако сезоната веќе почнала, како и со третата промена на тренерот во три години, со враќањето во Торино на Масимилијано Алегри, Данило се потврдува како еден од најважните играчи во соблекувалната, вистински „сенатор“ на тимот.[33] На 6 ноември 2021 година, за време на победата на домашен терен од 1-0 против Фјорентина, во последните минути, кога Пауло Дибала го напуштил теренот, за првпат Данило ја добил и ја носел капитенската лента на Јувентус.[34] На 13 февруари 2022 година, го постигнал својот прв гол во сезоната спасувајќи го својот тим од пораз во судиското надополнување од натпреварот на гостински терен против Аталанта,[35] додека на 12 март стигнал до бројката од 100 настапи во црно-белиот дрес во сите натпреварувања.[36]

Во сезоната 2022-2023, со оглед на збогувањата на Џорџо Кјелини и Пауло Дибала, како и физичките проблеми што го принудуваат новиот капитен Леонардо Бонучи да пропушти голем број натпревари од сезоната, Данило, сега веќе препознаен како харизматичен „водач“ од соблекувалната на Јувентус, често излегува на теренот со капитенската лента на раката.[37][38] На 7 јануари 2023 година, Данило го постигнал победничкиот гол во натпреварот на домашен терен против Удинезе (1-0), помагајќи им на Јувентус да ја продолжат победничката серија и да стигнат до осмата победа во низа во првенството.[39] Во вториот дел од сезоната, Данило продолжил да биде лидер на Јувентус иако клубот зафатен со проблеми надвор од теренот (им биле одземени 10 бодови) не бил конкурентен завршувајќи само на седмото место. Данило пропуштил само еден натпревар во Серија А и ја одиграл сезоната со најмногу настапи по доаѓањето во Европа со 54 одиграни натпревари.

Репрезентативна кариера

Данило (лево) играјќи за Бразил против Австрија во 2014.

Данило најпрво настапувал за бразилската репрезентација под 20 години. Во 2011 година, со оваа репрезентација тој го освоил Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години 2011, исто така, постигнувајќи гол во последната победа со 6-0 против Уругвај.[40] На 17 јуни 2011, селекторот на репрезентацијата под 20 години Неј Франко го повикал Данило за Светското првенство под 20 години 2011 кое се одржало во Колумбија.[41] На 29 јули во првиот натпревар на караоките на турнирот тој постигнал гол во ремито 1-1 против Египет. На 14 август тој бил еден од четворицата прецизни изведувачи на пенали во победата над Шпанија, откако по 120 минути натпреварот завршил нерешено 2-2 Бразил бил поуспешен при изведувањето на пеналите и се пласирал во полуфиналето каде три дена подоцна го совладале Мексико. На 20 август, на стадионот Ел Кампин во Богота, Бразил ја освоил светската титула во категоријата до 20 години победувајќи ја Португалија во финалето со 2-3 по продолженија. Севкупно, тој собрал 15 настапи за бразилската репрезентација под 20 години: 8 на Јужноамериканското првенство и 7 на Светското првенство, со два постигнати гола постигнати против Уругвај и Египет.

Во септември 2011, тој за првпат бил повикан од Мано Менезес, селекторот на сениорската репрезентација, започнувајќи како стартер во дербито против Аргентина во Суперкласико де лас Америкас што завршил 0-0 на стадионот Кемпес во Кордоба.[42] Тој исто така играл и во вториот натпревар кој се одиграл 14 дена подоцна, во кој Бразил ја победил Аргентина со 2-0 на Олимпико до Пара во Белем.

На 6 јули 2012 година, тој бил повикан во олимписката репрезентација за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[43][44] Одиграл четири натпревари на турнирот и постигнал еден гол против Нов Зеланд во групната фаза.[45] На крајот, Бразил го освоил сребрениот медал откако во борбата за златниот на 11 август биле поразени од Мексико со 2-1 на Вембли.[46][47]

Во мај 2018, Данило бил повикан од селекторот Тите за својот прв турнир со сениорската репрезентација, Светското првенство 2018.[48] Сепак, тој играл (како стартер) само во првиот натпревар на репрезентацијата, ремито 1-1 против Швајцарија.[49] Подоцна, тој се здобил со повреда на 6 јули, ден пред четвртфиналниот судир со Белгија, со што бил надвор од комбинација за остатокот од турнирот.[50]

На 19 ноември 2019 година, тој го постигнал својот прв гол за Селесао во победата со 3-0 против Јужна Кореја во пријателски натпревар.[51][52]

Во ноември 2022 година, тој бил повикан од селекторот Тите во тимот што учествуваше на Светското првенство во Катар.[53]

Хронологија на репрезентативните настапи

Сениорска репрезентација

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-9-2011 Кордоба Аргентина Аргентина 0 – 0 Бразил Бразил Суперкласико де лас Америкас 2011 -
28-9-2011 Белем Бразил Бразил 2 – 0 Аргентина Аргентина Суперкласико де лас Америкас 2011 - добил жолт картон во 84-тата минута 84'
26-5-2012 Хамбург Данска Данска 1 – 3 Бразил Бразил Пријателска - заменет 72'
30-5-2012 Ист Ратерфорд САД САД 1 – 4 Бразил Бразил Пријателска -
3-6-2012 Арлингтон Бразил Бразил 0 – 2 Мексико Мексико Пријателска -
9-6-2012 Њујорк Аргентина Аргентина 4 – 3 Бразил Бразил Пријателска - влегол во игра 80' - добил жолт картон во 82-рата минута 82'
9-9-2014 Ист Ратерфорд Бразил Бразил 1 – 0 Еквадор Еквадор Пријателска - заменет 90'
11-10-2014 Пекинг Бразил Бразил 2 – 0 Аргентина Аргентина Пријателска - добил жолт картон во 40-тата минута 40'
14-10-2014 Сингапур Јапонија Јапонија 0 – 4 Бразил Бразил Пријателска - заменет 46'
12-11-2014 Истанбул Турција Турција 0 – 4 Бразил Бразил Пријателска -
18-11-2014 Виена Австрија Австрија 1 – 2 Бразил Бразил Пријателска -
26-3-2015 Сен Дени Франција Франција 1 – 3 Бразил Бразил Пријателска -
29-3-2015 Лондон Бразил Бразил 1 – 0 Чиле Чиле Пријателска -
7-6-2015 Саун Пауло Бразил Бразил 2 – 0 Мексико Мексико Пријателска - заменет 46'
5-9-2015 Харисон Бразил Бразил 1 – 0 Костарика Костарика Пријателска -
10-11-2017 Лил Јапонија Јапонија 1 – 3 Бразил Бразил Пријателска -
3-6-2018 Ливерпул Бразил Бразил 2 – 0 Хрватска Хрватска Пријателска -
10-6-2018 Виена Австрија Австрија 0 – 3 Бразил Бразил Пријателска -
17-6-2018 Ростов Бразил Бразил 1 – 1 Швајцарија Швајцарија СП 2018 - Прва фаза - дет.
16-10-2018 Џеда Бразил Бразил 1 – 0 Аргентина Аргентина Пријателска - заменет 53'
16-11-2018 Лондон Бразил Бразил 1 – 0 Уругвај Уругвај Пријателска -
20-11-2018 Милтон Кинс Бразил Бразил 1 – 0 Камерун Камерун Пријателска -
26-3-2019 Прага Чешка Чешка 1 – 3 Бразил Бразил Пријателска -
15-11-2019 Ријад Бразил Бразил 0 – 1 Аргентина Аргентина Пријателска - добил жолт картон во 27-мата минута 27'
19-11-2019 Абу Даби Бразил Бразил 3 – 0 Јужна Кореја Јужна Кореја Пријателска 1
9-10-2020 Саун Пауло Бразил Бразил 5 – 0 Боливија Боливија Квал. за СП 2022 -
13-10-2020 Лима Перу Перу 2 – 4 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 -
13-11-2020 Саун Пауло Бразил Бразил 1 – 0 Венецуела Венецуела Квал. за СП 2022 -
17-11-2020 Монтевидео Уругвај Уругвај 0 – 2 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 -
3-6-2021 Порто Алегре Бразил Бразил 2 – 0 Еквадор Еквадор Квал. за СП 2022 -
8-6-2021 Асунсион Парагвај Парагвај 0 – 2 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 -
13-6-2021 Бразилија Бразил Бразил 3 – 0 Венецуела Венецуела Копа Америка 2021 - Прва фаза -
17-6-2021 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 4 – 0 Перу Перу Копа Америка 2021 - Прва фаза - заменет 84'
23-6-2021 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 2 – 1 Колумбија Колумбија Копа Америка 2021 - Прва фаза -
27-6-2021 Гојанија Бразил Бразил 1 – 1 Еквадор Еквадор Копа Америка 2021 - Прва фаза - влегол во игра 49'
2-7-2021 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 1 – 0 Чиле Чиле Копа Америка 2021 - Четвртфинале -
5-7-2021 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 1 – 0 Перу Перу Копа Америка 2021 - Полуфинале -
10-7-2021 Рио де Жанеиро Аргентина Аргентина 1 – 0 Бразил Бразил Копа Америка 2021 - Финале -
2-9-2021 Сантјаго Чиле Чиле 0 – 1 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 -
9-9-2021 Ресифе Бразил Бразил 2 – 0 Перу Перу Квал. за СП 2022 -
7-10-2021 Каракас Венецуела Венецуела 1 – 3 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 -
10-10-2021 Баранкиља Колумбија Колумбија 0 – 0 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 -
11-11-2021 San Paolo Бразил Бразил 1 – 0 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2022 -
16-11-2021 Сан Хуан Аргентина Аргентина 0 – 0 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 -
24-3-2022 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 4 – 0 Чиле Чиле Квал. за СП 2022 -
27-9-2022 Париз Бразил Бразил 5 – 1 Тунис Тунис Пријателска -
24-11-2022 Лусаил Бразил Бразил 2 – 0 Србија Србија СП 2022 - Прва фаза -
5-12-2022 Доха Бразил Бразил 4 – 1 Јужна Кореја Јужна Кореја СП 2022 - Осминафинале - заменет 72' дет.
9-12-2022 Ал Рајан Хрватска Хрватска 1 – 1 прод.
(4 – 2 пен.)
Бразил Бразил СП 2022 - Четвртфинале - добил жолт картон во 25-тата минута 25' дет.
17-6-2023 Корнеља де Љобрегат Бразил Бразил 4 – 1 Гвинеја Гвинеја Пријателска - заменет 90+2'
20-6-2023 Лисабон Бразил Бразил 2 – 4 Сенегал Сенегал Пријателска - добил жолт картон во 90-тата минута 90'
Вкупно Настапи 23 Голови 0

Олимписка репрезентација

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
20-7-2012 Мидлзбро Велика Британија Велика Британија 0 – 2 Бразил Бразил Пријателска -
26-7-2012 Кардиф Египет Египет 2 – 3 Бразил Бразил Олимписки игри 2012 - Прва фаза -
29-7-2012 Манчестер Бразил Бразил 3 – 1 Белорусија Белорусија Олимписки игри 2012 - Прва фаза -
1-8-2012 Њукасл на Тајна Бразил Бразил 3 – 0 Нов Зеланд Нов Зеланд Олимписки игри 2012 - Прва фаза 1 добил жолт картон во 90+2-тата минута 90+2'
4-8-2012 Њукасл на Тајна Бразил Бразил 3 – 2 Хондурас Хондурас Олимписки игри 2012 - Четвртфинале -
Вкупно Настапи 5 Голови 1

Статистика на кариерата

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 5 ноември 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2009 Бразил Америка Минеиро МИ/МЖ+Ц 2+8 0 - - - - - - - - - 10 0
јан-мај. 2010 МИ/МЖ+Б 12+7 2+0 - - - - - - - - - 19 2
Вкупно Америка Минеиро 14+15 2+0 - - - - - - 29 2
мај.-дек. 2010 Бразил Сантос A1/СП+А 0+26 0+4 КБ 0 0 КС 0 0 - - - 26 4
2011 A1/СП+A 14+23 0+1 - - - КЛ 14 4 Скп 2 1 53 6
Вкупно Сантос 14+49 0+5 0 0 14 4 2 1 79 10
јан.-јун. 2012 Португалија Порто ПЛ 6 0 КП+ЛКП 0+1 0 ЛЕ 1 0 - - - 8 0
2012-2013 ПЛ 28 2 КП+ЛКП 2+5 0 ЛШ 7 0 СП 0 0 42 2
2013-2014 ПЛ 28 3 КП+ЛКП 6+3 0 ЛШ+ЛЕ 6+6 0 СП 0 0 49 3
2014-2015 ПЛ 29 6 КП+ЛКП 1+1 0 ЛШ 10 1 - - - 41 7
Вкупно Порто 91 11 19 0 30 1 0 0 140 12
2015-2016 Шпанија Реал Мадрид ПД 24 2 КШ 0 0 ЛШ 7 0 - - - 31 2
2016-2017 ПД 17 1 КШ 5 0 ЛШ 3 0 СУ+Скп 0 0 25 1
Вкупно Реал Мадрид 41 3 5 0 10 0 0 0 56 3
2017-2018 Англија Манчестер Сити ПЛ 23 3 ФАКуп+ЛК 3+6 0 ЛШ 6 0 - - - 38 3
2018-2019 ПЛ 11 1 ФАКуп+ЛК 4+5 0 ЛШ 2 0 КШ 0 0 22 1
Вкупно Манчестер Сити 34 4 18 0 8 0 0 0 60 4
2019-2020 Италија Јувентус А 22 2 КИ 4 0 ЛШ 6 0 СИ 0 0 32 2
2020-2021 А 34 1 КИ 4 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 46 1
2021-2022 А 22 1 КИ 4 1 ЛШ 5 0 СИ 0 0 31 2
2022-2023 А 37 3 КИ 4 0 ЛШ+ЛЕ 5+8 0 - - - 54 3
Вкупно Јувентус 115 7 16 1 31 0 1 0 163 8
Вкупно во кариерата 373 32 58 1 93 5 3 1 527 39

Репрезентативна статистика

Обновено на 26 март 2019
Репрезентација Година Наст Гол
Бразил Бразил 2011 2 0
2012 4 0
2014 5 0
2015 4 0
2017 1 0
2018 6 0
2019 1 0
Вкупно 23 0

Титули

Клупски

Бразил Америка Минеиро

2009

Бразил Сантос

2011
2011

Португалија Порто

2011–2012, 2012–2013
2012, 2013

Шпанија Реал Мадрид

2016-2017
2015-2016, 2016-2017
2016
2016

Англија Манчестер Сити

2017-2018, 2018-2019
2017-2018, 2018-2019
2018-2019

Италија Јувентус

2019-2020
2020-2021, 2023-2024
2020

Репрезентативни

Бразил Бразил

2011
2011

Наводи

  1. „Squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2017. Посетено на 9 September 2017.
  2. „FIFA World Cup Russia 2018: List of players: Brazil“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-19. Посетено на 21 January 2019.
  3. „Big italiane in Sud America. Per Danilo, Martinuccio, Dedè...“.
  4. Ribeiro, Bruno (25 July 2017). „Após faturar com venda para Real, time de MG pode lucrar com ida de Danilo para o City“ [After cashing in with sale to Real, MG team can make money with Danilo's departure to City]. Globo Esporte (португалски). Grupo Globo. Посетено на 25 July 2017.
  5. „Danilo sonhava em ser goleiro, mas virou lateral multicampeão“ [Danilo dreamt of being a goalkeeper, but turned multichampion full-back]. O Globo (португалски). 9 June 2018. Посетено на 22 January 2019.
  6. „Danilo impressiona: terzo sigillo consecutivo!“ (англиски). 22 април 2011.
  7. Barros, Adilson; Travaglia, Julyana (22 June 2011). „Neymar brilha, meninos da vila fazem história e Peixe leva tri da Libertadores“ [Neymar shines, local lads make history and Fish lifts third Libertadores]. Globo Esporte (португалски). Grupo Globo. Посетено на 2 April 2015.
  8. „Comunicado“ (PDF) (португалски). 19 јули 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 декември 2011. Посетено на 13 септември 2011.
  9. „Anche Danilo per il Porto“ (италијански). 19 јули 2011. Посетено на 13 септември 2011.
  10. „Comunicado“ (PDF) (португалски). 28 јули 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 15 декември 2011. Посетено на 13 септември 2011.
  11. „Santista Danilo diz que mostrará por que o Porto pagou 'tanto' por ele“ (португалски). 5 септември 2011. Посетено на 13 септември 2011.
  12. Porto - Vitória Guimarães 3-1 transfermarkt.com
  13. „Danilo e Alex Sandro, companheiros de todas as ocasiões“ [Danilo and Alex Sandro, buddies for every occasion] (португалски). SAPO. 2 September 2014. Посетено на 11 June 2018.
  14. „Comunicado“ [Announcement] (PDF) (португалски). Portuguese Securities Market Commission. 31 March 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-02. Посетено на 31 March 2015.
  15. „Official announcement: Danilo“. Real Madrid CF. 1 April 2015. Посетено на 1 April 2015.
  16. Bell, Arch (23 August 2015). „Sporting spoil Benítez debut“. Marca. Madrid. Посетено на 23 August 2015.
  17. „Celta Vigo 1–3 Real Madrid: Ronaldo on target as Los Blancos clear at the top“. Goal.com. Perform Group. 24 October 2015. Посетено на 24 October 2015.
  18. „Spot-on Real Madrid defeat Atlético in final again“. UEFA. 28 May 2016. Посетено на 29 May 2016.
  19. „Real Madrid 5–2 Osasuna“. BBC Sport. 10 September 2016. Посетено на 22 May 2017.
  20. „El Real Madrid, campeón de LaLiga Santander 2016/17“ [Real Madrid, LaLiga Santander champions 2016/17] (шпански). La Liga. 21 May 2017. Посетено на 22 May 2017.
  21. „Malaga 0–2 Real Madrid“. BBC Sport. 21 May 2017. Посетено на 22 May 2017.
  22. „Danilo joins Manchester City“. Manchester City F.C. 23 July 2017. Посетено на 23 July 2017.
  23. „Official announcement: Danilo“. Real Madrid CF. 23 July 2017. Посетено на 23 July 2017.
  24. Stone, Simon (23 July 2017). „Danilo: Manchester City sign Real Madrid defender for £26.5m“. BBC Sport. Посетено на 23 July 2017.
  25. Bevan, Chris (23 December 2017). „Manchester City 4–0 AFC Bournemouth“. BBC Sport. Посетено на 23 December 2017.
  26. „Official: Danilo is Bianconero!“. Juventus F.C. 7 August 2019. Посетено на 8 August 2019.
  27. „Danilo joins Juventus“ (англиски). 7 август 2019. Посетено на 8 август 2019.
  28. „Juventus 4 - 3 Napoli“. Football Italia. 31 August 2019.
  29. Giuseppe Nigro (5 февруари 2021). „Ripiego? Non esce più dal campo: ecco perché Danilo è inamovibile per Pirlo“.
  30. „Danilo: "È il miglior periodo della mia carriera. Pirlo? Ha le idee chiare". 29 јануари 2021.
  31. „Supercoppa Italiana 2021: Juventus-Napoli 2-0. Cristiano Ronaldo e Morata in gol“.
  32. „La Juventus vince la TimVision Cup“. 19 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2022-05-25. Посетено на 20 јуни 2021.
  33. Giovanni Albanese (15 февруари 2022). „Il 6 di Scirea e qualsiasi ruolo serva, Danilo senatore oggi e domani: "Qui sono felice".
  34. „Danilo, la prima volta da Capitano della Juve: 'Orgoglioso, che momento'. 7 ноември 2021. Посетено на 12 март 2022.
  35. „DANILO RISPONDE A MALINOVSKYI. 1-1 TRA JUVE E ATALANTA“. 13 февруари 2022. Посетено на 12 март 2022.
  36. Giovanni Albanese (12 март 2022). „Danilo fa 100 presenze con la Juve. E strizza l'occhio al rinnovo“. Посетено на 12 март 2022.
  37. „Danilo capitano della Juve per un motivo: Allegri svela un retroscena su Cuadrado“. 2022-11-09.
  38. „Juventus, Danilo racconta: "Ecco come sono diventato capitano". 2023-02-14.
  39. „Serie A, Juventus-Udinese 1-0: Danilo decisivo nel finale“. sportmediaset. 7 јануари 2023. Посетено на 10 јули 2023.
  40. „6 a 0 Brasil-Uruguay“ (англиски). 13 февруари 2011.
  41. „Brasile, i pre-convocati per il mondiale Under 20“. 17 јуни 2011.
  42. „Argentina y Brasil igualaron 0–0 en Córdoba“ [Argentina and Brasil went for 0–0 in Córdoba] (шпански). Argentine Football Association. 14 September 2011. Посетено на 14 November 2013.
  43. „Olimpiadi di calcio 2012: le convocazioni della nazionale brasiliana“. 6-07-12. Архивирано од изворникот на 5 декември 2013. Посетено на 12-07-12. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  44. „Olimpiadi, Brasile: i convocati di Menezes“. 6-07-12. Архивирано од изворникот на 15 март 2016. Посетено на 12-07-12. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  45. „Three and easy for Brazil“. FIFA. 1 August 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-07. Посетено на 14 November 2013.
  46. „Peralta nets match-winning brace for Mexico“ (англиски). Архивирано од изворникот на 22 август 2012. Посетено на 13 август 2012.
  47. „Messico oro, battuto 2-1 il Brasile in finale“. 11-08-12. Архивирано од изворникот на 13 август 2012. Посетено на 13-08-12. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  48. „World Cup: Neymar named in Brazil's 23-man squad“. BBC Sport. 14 May 2018. Посетено на 15 May 2018.
  49. Reddy, Luke (17 June 2018). „Brazil 1–1 Switzerland“. BBC Sport. Посетено на 17 June 2018.
  50. „Brazil says Danilo out of World Cup with ankle injury“. NBC Sports. 6 July 2018. Посетено на 6 July 2018.
  51. Danilo comenta seu primeiro gol pela Seleção Brasileira cbf.com
  52. Brasile-Corea del Sud 3-0: Paquetà e Danilo trascinano la Seleção sport.sky.it
  53. „Seleção Brasileira está convocada para a Copa do Mundo FIFA Qatar 2022“. Confederação Brasileira de Futebol (португалски). 2022-11-07. Посетено на 2022-11-07.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!