* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010
Даниел Фонсека Гарис (роден на 13 септември, 1969 година во Монтевидео) — поранешен уругвајски фудбалер, напаѓач. Неговиот прекар бил el castor (брадата).
Фонсека ја започнал својата кариерата во Насионал Монтевидео во 1988 година. Таму одиграл 14 натпревари, постигнал три гола и тримуфирал во Копа Судамерикана, јужноамерикански еквивалент на Суперкупот на Европа. Во 1990 дошол во Европа, каде најпрво играл за екипата на Каљари, а потоа игра две одлични сезони во Наполи, постигнувајќи 31 гол во 50 натпревари. Во 1994 година екипата на Рома го доведува во својот состав, но тука не можел да се избори за место во почетниот тим и останал во сенка на аргентинската ѕвезда Абел Балбо. Тој се преселил во Јувентус за кој настапувал во периодот од 1997-2000, но ни тука престојот не му бил којзнае колку успешен поради тоа што често се мачел со повреди, и ја пропуштил целата сезона 1999-2000, па бил продаден на Ривер Плата. По краток период му следува враќање во Насионал, а потоа Фонсека повторно се вратил во Италија, овој пат во Комо каде играл за истоимениот тим. Во 2003 се откажува од фудбалот. Како главна причина наведува, тоа што тренерот повеќе не смета на него, а тој пак вели дека не сака Фонсека да добива пари без претходно да си ги заработи.
Бројот на постигнати голови во италијанската Серија А му е фантастичен, особено ако се има предвид тоа што во поголемите клубови како Рома и Јувентус не играл во првата постава. Но, и покрај тоа Фонсека направил одлична кариера постигнувајќи голем број на важни голови влегувајќи како замена и се здобил со статусот на Златна резерва.
По завршувањето на фудбалската кариера, одлучил да се посвети на кариерата како спортски агент на фудбалери. Меѓу неговите клиенти има познати играчи како голманот Фернандо Муслера, дефанзивецот Мартин Касерес и напаѓачот Луис Суарес.
Клиенти
Ова се фудбалерите кој се клиенти на Фонсека во моментов. Луис Суарес повеќе не е негов клиент, бидејќи започнал соработка со Пере Гвардиола (братот на тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола).