Даниел Тежер

Даниел Тежер
Лични податоци
Роден на 12 мај 1985(1985-05-12)(39 г.)
Роден во Шолнок, Унгарија
Држава Унгарија Унгарија
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Дебрецин Дебрецин
Број 8
Младинска кариера
Дебрецин Дебрецин
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002-2003 Дебрецин Дебрецин 1 (0)
2003-2004 Галатасарај Галатасарај 0 (0)
2004-2006 Ференцварош Ференцварош 54 (3)
2006-2008 АЕК АЕК Атина 35 (3)
2008-2012 Генк Генк 131 (18)
2012-2014 Џенова Џенова 22 (0)
2014Вотфорд Вотфорд 20 (0)
2014-2015 Парма Парма 0 (0)
2014-2015Вотфорд Вотфорд 45 (5)
2015-2016 КПР КПР 16 (1)
2016- Дебрецин Дебрецин 59 (11)
Репрезентација
1999-2000 Унгарија Унгарија 21 2 (0)
2005-2015 Унгарија Унгарија 31 (1)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Даниел Тежер (роден на 12 мај 1985 во Шолнок) — унгарски фудбалер, играч од средниот ред на Дебрецин и поранешен репрезентативец на унгарската репрезентација.

Тахнички одлики

Внатрешен играч од средниот ред, природно игра со левата нога. Кариерата ја започнал како дефанзивен играч за врска со задачи за нарушување на играта на противникот, но со текот на времето, станал многу вешт во шутирање пенали и изведување корнери, па бил преместен на позицијата плејмејкер.

Клупска кариера

Рани години

Тежер ја започнал својата кариера во младинскиот состав на Дебрецин. Во сезоната 2002-2004 бил прекомандуван во првиот тим направил еден настап за Дебрецин. Пред почетокот на следната сезона се префрлил во младинскиот тим на турскиот Галатасарај, на возраст од 17 години, но не одиграл ниту еден натпревар за првиот тим. По една сезона во Истанбул, Тежер се вратил во Унгарија потпишувајќи договор со Ференцварош.

Ференцварош

Уште од првите натпревари за Ференцварош било видливо дека престојот во клубот ќе биде успешен за играчот. Тренерот на клубот, Боби Дејвисон, го нарекол Тежер унгарскиот Френк Лампард. Во двете години поминати во Ференцварош, тој одиграл вкупно 54 натпревари и постигнал 3 гола.

АЕК Атина

Во летото 2006 година, Тежер се преселил во грчкиот АЕК од Атина. Веднаш по потпишувањето му бил доделен дресот со број 88. Своето деби за клубот од Атина го направил на 9 август 2006, во победата со 2-1 на гостувањето кај шкотскиот Хартс во квалификациите за Лигата на шампионите за сезоната 2006-2007. На 13 септември го одиграл својот прв натпревар во кариерата во групната фаза на ова натпреварување, влегувајќи во игра во последните 20 минути на местото на Емерсон во поразот со 3-0 од Милан на Сан Сиро. Откако ги пропуштил првите пет натпревари од Грчката Супер лига за сезоната 2006-2007, Тежер дебитирал во шестото коло на домашен терен против Ерготелис во победата со 3-1, постигнувајќи го изедначувачкиот погодок за 1-1 во 52-рата минута и асистирал за следните два гола кој ги постигнале Никос Либеропулос и Василиос Лакис. На 14 јануари 2007 го постигнал својот втор гол за сезоната во победата со 3-1 над ОФИ, со прекрасен удар надвор од шеснаесетникот. Тренерот на АЕК, Лоренцо Сера Ферер, изјавил дека Тежер поседува талент и голема иднина е пред него. Во својата прва сезона тој одиграл 23 натпревари, постигнал 2 гола и имал 3 асистенции, помагајќи му на АЕК да заврши на второто место во Грчката Супер лига зад шампионот Олимпијакос. Тој исто така играл во сите 6 натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите, а во тој против Андерлехт бил избран за играч на натпреварот.

Втората сезона во клубот му била нешто послаба, а како резултат на тоа почесто бил на клупата за резерви отколку во почетната постава. Одиграл само 12 првенствени натпревари на кој постигнал еден гол и имал две асистенции. Исто така настапил во двата натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите по кој АЕК бил елиминиран од Севиља и имал 6 настапи во Купот на УЕФА, но не настапил во двата натпревари од третата рунда во која неговиот тим бил елиминиран од Хетафе.

Генк

На 5 јуни 2008 година Тежер му се приклучил на белгискиот Генк, потпишувајќи четири-годишен договор за трансфер-сума од околу 1,5 милион евра.[1] На 17 август 2008 го направил своето деби за Генк, играјќи 74 минути од првото првенствено коло за сезоната 2008-2009 против Биршот (1-1). Во својата прва сезона во Белгија, тој настапил во 25 натпревари, постигнувајќи два гола и една асистенција. Тој настапувал за својот клуб и во Купот на Белгија помагајќи му да стигне до финалето. Таму, тие го победиле Мехелен со 2-0, а Тежер влегол во игра во 77-мата минута од натпреварот на местото на одбранбениот играч Анеле Нгчонгча.

Сезоната 2009-2010 играчот од средниот ред ја започнал со Суперкупот на Белгија, играјќи го целиот натпревар во кој неговиот тим бил поразен од Стандард Лиеж на 25 јули 2009. Во текот на следниот месец, Тежер постигнал гол и во двата натпревари од двомечот против Лил во квалификациите за Лига Европа, но тоа не било доволно за пласман понатаму бидејќи вкупниот резултат бил 3-6 за французите. Во два натпревари (дома и на гости) Tőzsér може да постигне гол. Во белгиското првенство, тој постигнал 5 гола, но Генк разочарувачки завршил на 11. место.

Следната сезона (2010-2011), Тежер постигнал 8 гола и имал 11 асистенции давајќи огромен придонес за Генк да ја освои титулата во белгиското првенство.

Во својата последна сезона во клубот го освоил Суперкупот на Белгија со што ги комплетирал трофеите од трите најголеми натпреварувања во Белгија. Исто така ги одиграл сите шест натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите од почеток до крај. Сезоната ја завршил со 43 настапи 4 гола и 11 асистенции во сите натпреварувања.

Џенова

Во февруари 2012, Џенова целосно го откупила неговиот договор, но сепак, Тежер останал во Генк до завршувањето на сезоната, а потоа се преселил во Италија во јули 2012.[2] На 26 август го направил своето деби во Серија А во победата со 2-0 на домашен терен против Каљари, влегувајќи на местото на Фелипе Сејмур. Своето деби како стартер го имал следната недела за време на натпреварот на гости против Катанија, кој завршил со пораз на неговиот тим со 3-2.

Во сезоната 2013-2014 го одиграл првиот натпревар на 3 ноември против Лацио во Олимпико во Рим, кој завршил со победа од 0-2 за Rossoblu. Откако испаднал од плановите на тренерот Џан Пјеро Гасперини морал да го напушти клубот за да може да добие минутажа.

Вотфорд

На 29 јануари, 2014, Тежер заминал на позајмица во англискиот Вотфорд,[3] во Чемпионшип лигата, вториот ранг на англискиот фудбал. На 2 февруари го направил своето деби за Вотфорд, играјќи го сите 90 минути во победата со 2-0 против Брајтон. Под водство на италијанскиот тренерот Џузепе Санино, станал еден од главните ликови на стршлените, и ја затворил сезоната си 20 натпревари во лигата. По завршувањето на сезоната, истекол и неговиот заем во Англија и тој се вратил во Џенова.

На 5 јули 2014 година, Тежер потпишал две-годишен договор со екипата на Парма како дел од трансферот на Алеандро Роси во Џенова.[4]

Само два дена подоцна, на 7 јули, тој се вратил во Вотфорд потпишувајќи две-годишен договор за заем со можност и за трета.[5][6]. На 23 август го постигнал својот прв гол за Вотфорд во победата со 4-1 против Лидс Јунајтед на домашен терен.[7] На 1 ноември, постигнал прекрасен гол од слободен удар во 45-тата минута од натпреварот против Милвол, кој неговиот тим го добил со 3-1.[8][9] Сезоната 2014-2015 ја завршил со пет гола и пет асистенции, помагајќи му на Вотфорд да избори промоција во Премиер лигата после девет сезони изостанување.[10]

Квинс Парк Ренџерс

На 28 август 2015, Тежер го комплетирал својот трансфер во Квинс Парк Ренџерс потпишувајќи со лондонскиот клуб двегодишен договор.[11]

Репрезентативна кариера

Тежер го направил своето репрезентативно деби на 14 декември 2005 година против Мексико. Својот прв гол за националниот состав го постигнал во квалификациите за Евро 2008 против Малта, носејќи и предност на Унгарија од 2-0 со прекрасен слободен удар.[12]

Титули

Белгија Генк[13]

Наводи

  1. Daniel Tozser signs a four year deal.[мртва врска] (англиски), пристапено 4 јануари, 2010 година
  2. „Genoa, ha firmato l'ungherese Tőzsér“.
  3. genoacfc.it (уред.). „Tozser in prestito al Watford“. Архивирано од изворникот на 2014-02-01. Посетено на 29 јануари 2014.
  4. canalegenoa.it, уред. (5 јули 2014). „UFFICIALE: Toszer al Parma, Rosi al Genoa“. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 6 јули 2014.
  5. „Parma, UFFICIALE: Tozser saluta“. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2015-05-02.
  6. „OFFICIAL: Tozser Signs For Hornets“. Архивирано од изворникот на 2014-07-11. Посетено на 2015-05-02.
  7. „Watford won the clash of the Championship's two Italian-owned clubs as they overcame nine-man Leeds United“. BBC Sport. 23 August 2014.
  8. „Watford moved two points clear at the top of the Championship with victory over Millwall at Vicarage Road“. BBC Sport. 4 November 2014.
  9. „HALF-TIME: Daniel Tozser's thunderbolt ensures Watford lead Millwall 2-1 at the break“. Croydon Guardian. 4 November 2014.
  10. „#8 Daniel Tőzsér - Performance data 14/15“. transfermarkt. 3 мај 2014.
  11. https://www.bbc.co.uk/sport/0/football/34091042
  12. "Tozser 1st Goal in National Football Team"
  13. „Dániel Tőzsér - Career Honours“. Soccerway.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!