Даниел Ортон

Даниел Ортон
ПозицијаЦентар
Висина208 см
Тежина116 кг
Роден6 август 1990
Професионална кариера{{{кариера_почеток}}} –сѐ уште


Даниел Џозеф Ортон (роден на 6 август 1990 година, во Оклахома Сити, Оклахома) е американски професионален кошаркар во тимот на Ново Мексико Тандербрдс ( New Mexico Thunderbirds), во НБА лигата за развој, тим кој е во партнерство со НБА- тимот, Орландо Меџик. Даниел е центар со висина од 208 cm и тежина од 116 кг, и играше за универзитетот на Кентаки Вајлдкетс.

Средно училиште

Ортон беше голема ѕвезда додека играше за средното училиште, Бишоп Мекгинас (Bishop McGuinness), во Оклахома Сити. Тимот победи на државното првенство за бруцоши и во сите останати категории. За време на неговата завршна година, Даниел го скина неговиот преден лигамент на коленото, и со тоа ја прекина неговата последна сезона во средното училиште.

Даниел беше префрлен на универзитетот во Кентаки, од страна на Били Џилиспи, и покрај тоа, Џилиспи беше отпуштен во текот на завршната година на Ортон. Ортон ја продолжи својата лојалност спрема Кентаки, откако Џон Калипари беше ангажиран од страна на универзитетот. На разочарување на “Големата Сина Нација”, Ортон во неколку наврати изјави во медиумите дека направил грешка кога отишол во Кентаки, и требал да ги избере Канзас Џејхокс. Во последното рангирање на “Rivals.com”, Ортон беше оценет како трет најдобар центар во генерацијата 2009, и како 22-ри играч севкупно.

Универзитет

Ортон беше резерва во кошаркарскиот тим на Кентаки Вајлдкетс, во сезоната 2009-10, каде што во просек постигнуваше 3.4 бода, 3.3 скока и 1.4 блокади, и играше во просек 13.2 минути по натпревар. На 8 мај, 2010 година, Ортон најми менаџер и се прогласи себеси достапен за НБА- драфтот во 2010 година.

НБА

Даниел, на НБА- драфтот во 2010 година, беше избран севкупно како 29-ти пик од страна на Орландо Меџик. На 1 јули, 2010 година, Ортон го потпиша својот дебитантски договор со “Магичните”. На 1 декември, беше објавено дека Ортон ќе биде испратен во тимот на Ново Мексико Тандербрдс, во НБА лигата во развој. Во својот втор натпревар за Тандербрдс-и, Ортон доживеа повреда на коленото, и со тоа сезоната за него беше завршена. На 21 декември, 2011 година, во натпревар од подготвителниот дел на сезоната против Мајами Хит, Даниел ги постигна своите први бодови во НБА со два скок-шута, и натпреварот го заврши со четири бода.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!