Давиде Бајоко

Давиде Бајоко
Лични податоци
Роден на 8 мај 1975(1975-05-08)(49 г.)
Роден во Перуџа, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001720000001,72 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2018
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1994 Губио Губио 34 (0)
1994–2002 Перуџа Перуџа 58 (2)
1996–2000Фано Фано 28 (2)
1997–1998Сиена Сиена 29 (0)
1998–2000Витербезе Витербезе 52 (3)
2002–2005 Јувентус Јувентус 7 (0)
2003Пјаченца Пјаченца 16 (0)
2003–2004 Реџина Реџина 27 (0)
2004–2005Перуџа Перуџа 33 (2)
2005–2009 Катанија Катанија 122 (1)
2009–2011 Бреша Бреша 59 (1)
2011–2012 Сиракуза Сиракуза 29 (2)
2012–2014 Кремонезе Кремонезе 29 (0)
2014 Алесандрија Алесандрија 14 (0)
2014–2015 Акрагас Акрагас 28 (0)
2015–2017 Сиракуза Сиракуза 43 (1)
2017 Палацоло 10 (0)
2017–2018 Бјанкавила 13 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Давиде Бајоко (роден на 8 мај 1975 во Перуџа) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред.

Кариера

Растејќи во младоста во тимот на Губио, дебитирал во првиот тим во сезоната 1993-1994. Тој поминал во редовите на Перуџа, за која дебитирал во Серија Б во сезоната 1995-1996, сезона која завршила со промоција во Серија А.

По две позајмици во помали клубови тој се вратил во Перуџа, и го направил своето деби во Серија А на 4 октомври 1998 во натпревар против Интер, пред да биде позајмен повторно овојпат во Витербесе во Серија Ц1. Тој се вратил и одиграл две сезони во Перуџа како партнер на Фабио Ливерани на централните позиции во средниот ред.

Во 2002 година Бајоко пристигнува во Јувентус за пет милијарди лири плус Фабијан О'Нил кој заминал во спротивен правец.[1] Тој го освоил Суперкупот на Италија со тимот од Торино, но откако не успеал да се наметне во јануарскиот преоден рок бил позајмен на Пјаченца со која не успеал да избегне испаѓање во Серија Б. Во следната сезона бил пратен на позајмица во Реџина, која обезбедила опстанок во Серија А во сезоната пред тоа, пред да се врати во Перуџа на уште една сезона заем.

Пред почетокот на сезоната 2005-06 Јувентус се обидел да направи спектакуларен трансфер со кој би го довел шведски напаѓач на Ајакс, Златан Ибрахимовиќ во Торино. Со цел за да се соберат средства за овој трансфер (кој на крајот и се реализира), Јувентус продаде 10 фудбалери во летото меѓу кој беше и Бајоко. Бајоко потпиша за новакот во Серија А Катанија за која одиграл цели 4 сезони во најквалитетното италијанско фудбалско друштво и постигнал 4 гола.

Надворешни врски

Наводи

  1. „Six-Monthly Report at 31 December 2001“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-07. Посетено на 2013-05-20.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!