Грбот на Општина Струмица е грб кој ја претставува Општина Струмица. Toj е во форма на штит на кој на горната страна со кирилско писмо е напишано името на градот. Штитот е поделен на четири полиња во кои има симболи и тоа: во левиот горен агол е насликан златен крст од манастирот „Св. Леонтие“ во село Водоча од 6 век, во десниот горен агол има сонце, во левиот долен агол е ридот над Струмица со Царевите кули и три ѕвезди на небото и во десниот долен агол е карневалска маска. На грбот се среќаваат две бои: златна и кобалт-сина.
Дизајн
Систем
Златна
Кобалт-сина
RGB
255-204-0
0-0-153
хексидецимален формат
#FFCC00
#000099
Галерија
Знамето на Општина Струмица каде што грбот е претставен во центарот на горната половина
Општинската зграда во Струмица, грбот е нацртан најгоре во круг со бела позадина
Униформа на Струмичката пожарна на која грбот е сместен на левото рамо