Градината на пеперутките во Дубаи ( арап. حديقة الفراشات بدبي ) е градина со пеперутки која се наоѓа во областа Дубаиленд,[1] Ал Барша Јужно 3 , Дубаи, Обединети Арапски Емирати.[2][3] Ова е најголемата во светски рамки и првата затворена градина на пеперутки во регионот.[4]
Градината е отворена во 2015 година и има над 15.000 пеперутки од 50 видови.[4] Вклучува музеј на пеперутки, десет климатски контролирани куполи на температура од 24 степени°C, езерце со риби - јапонски крап во куполата 2 и едукативна област.[2] Градината зафаќа површина од 2.600 m 2.[3] Се наоѓа веднаш во непосредна близина на североистокот на Чудесната градина во Дубаи, која има посебен влез.
Наводи
Надворешни врски