Поглед на езерото Вакатипу од Гленорхи
Гленорхи (англиски : Glenorchy ) — мало населено место во живописниот северен крај на езерото Вакатипу , на Јужниот Остров на Нов Зеланд . Местото е оддалечено 45 km со возило или чамец од Квинстаун , најблискиот град.
Гленорхи е популарно туристичко место и во околината има разни интересни патеки за планинарење . Сместено е близу границите на националните паркови Маунт Аспајринг и Фјордленд . Локалните предели се познати во светот по тоа што е една од местата во првиот филм на трилогијата „Господарот на прстените “ од режисерот Питер Џексон . Покрај ова, таму се снимани и сцени од филмовите „Вертикална граница “, „Почетоците на Икс-луѓето: Вулверин “ и „Хрониките на Нарнија: Принцот Каспијан “.
Гленорхи го носи името на гленот Глен Орхи во Аргајл , Шкотска .
Поврзано
Наводи
Reed, A. W. (2002). The Reed Dictionary of New Zealand Place Names . Auckland: Reed Books. ISBN 0-7900-0761-4 .