Замбија е континентална држава сместена во јужниот дел на Африка, на исток од Ангола. Државата има вкупна површина од 752.618 квадратни километри (малку поголема од Франција), од кои 9202 км2 се вода.
Граници
Замбија има вкупно 5 664 километри долга копнена граница, и таа се граничи со: Ангола во должина од 1110 км, Демократска Република Конго 1.930 км, Малави 837 км, Мозамбик 419 км, Намибија 233 км, Танзанија 338 км, Зимбабве 797 км и Боцвана помалку од 1 км.
Клима
Замбија има тропска клима, изменета поради висината на земјата. Постои дождовна сезона која трае од октомври / ноември до март / април.
Релјеф
Релјефот на Замбија е претежно високо плато, со некои ридови и планини чија висина се движи од 1000 до 1500 метри, испресечена со длабоки речни долини и тектонски канали. Најниската точка во државата е реката Замбези, на 329 метри надморска височина, а највисока е Мафинга Централ на Мафинга Хилс, на 2,339 метри надморска височина. Замбија е континентално затворена земја која на копно се граничи со Зимбабве на југ, граница поделена со Викториините Водопади, ДР Конго на север, Танзанија на североисток, Малави на исток и Мозамбик на југоисток. Општата топографија на земјата се одликува со подигнати плантажни површини. Општата позиција на државата е насочена од Запад кон Исток од басенот на Калахари.
Водни површини
Главниот речен систем во Замбија, го формира реката Замбези со нејзините притоки - реките Луангва и Кафуе - го сече платото, формирајќи длабоки долини и водопади, како што се познатите Викториини Водопади, на јужната граница со Зимбабве.[1] Викториините Водопади, иако не се ниту највисоки ниту најшироки водопади во светот, не тврди дека се најголемиот водопад во светот врз основа на ширината од 1.708 метри и височина од 108 метри.[1] Мочуриштето кое го опкружува езерото Бангвелу и пасиштата во саваната, со шумски и родезиски тикови шуми покриваат голем дел од југозапад (иако тие се намалуваат со големината, бидејќи растечката популација бара повеќе земја).[1] Покрај Бангвелу други поголеми езера во Замбија се Мверу, Тангањика и Кариба.[1]
Население и градови
Според пописот во 2016 година, Замбија има 16.591.390 жители. Главен град е Лусака кој има околу 1,2 милиони жители. Други поголеми градови се Ндола (550.000), Китве (500.000), Кабве (260.000), Чингола (240.000) и др.
Наводи
Надворешни врски