Второто робовско востание било неуспешна побуна на робови која се случила помеѓу 104 и 100 година п.н.е. на Сицилија во времето на римската република.
Конзулот Гај Мариј регрутирал луѓе за војната против племето Кимбрии во Кисалпска Галија. Побарал помош од Никомед III, крал на Витинија. Дополнителната војска никогаш не пристигнала поради оптужбата дека римските собирачи на данок, робовите кои не можеле да ги платат, ги претворале во слободни луѓе. Мариј објавил декрет според кој сите сојузнички луѓе морале да бидат пуштени на слобода доколку се наоѓаче под римско ропство.
Околу 800 робови биле пуштени на Сицилија. Истите тие ги наговориле останатите да ги напуштат своите робовладетели и да се ослобат. Востанието избило кога гувернерот им наредил да се вратат. Робот Салвиј ги следел стапките на Евниј и бил избран за војсководец на востаниците. Се преименувал во Трифон според владетелот на селевкидската империја, Диодос Трифон.
Трифоновата војска броела илјадници истренирани војници и добро опремени робови, околу 2.000 коњаника и 20.000 пешадиски војници. Римскиот конзул Маниј Аквилиј успеал да го задуши востанието после вложен голем напор. Ова било второт во низата од три римски робовски востанија.
Втората робовска војна во литературата
- Во кратката книга „The Boar“ на Ф. Л. Лукас (Athenaeum, 10 септември 1920) е обработена историјата на Сицилија и периодот по робовските војни.
Наводи
- Шау Врент (2001). „Spartacus and the Slave Wars: a brief history with documents.“ стр. 107-129.(на google books)