Втора нормална форма

Втора нормална форма (2НФ) е нормална форма која се користи во нормализација на базите на податоци. 2НФ беше првично дефинирана со E.F. Codd во 1971 година[1].
Една табела која е во прв нормален облик (1НФ) мора да ги исполни дополнителните критериуми за да се квалификува за втората нормална форма. Поточно: една табела е во 2НФ ако и само ако, таа е во 1НФ и ниеден не примарен атрибут не е зависен од било кое соодветно подмножество на било кој од кандидатите за клуч на табелата.
Едноставно кажано, една табела е во 2НФ ако и само ако, тоа е во 1НФ и секој не-примарен атрибут на табелата е целосно зависен од кандидат клучот, или на друг не примарен атрибут.
Имајте на ум дека кога една табела во 1НФ нема сложени кандидат клучеви (кандидат клучеви кои се состојат од повеќе од еден атрибут), табелата е автоматски во 2НФ.

Пример

Разгледајте ја табелата која ги опишува вештините на вработените:

Вештини на вработените
Вработен Вештина Местоположба на тековната работа
Jones Пишување 114 Main Street
Jones Стенографија 114 Main Street
Jones Резбање 114 Main Street
Bravo Чистење 73 Industrial Way
Ellis Алхемија 73 Industrial Way
Ellis Летање 73 Industrial Way
Harrison Чистење 73 Industrial Way


Ниту (“вработен”) ниту (“вештина”) не е кандидат клуч за табелата. Тоа е затоа што еден даден вработен можеби треба да се појави повеќе од еднаш (тој може да има повеќе вештини), и една дадена вештина можеби ќе треба да се појави повеќе од еднаш (може да биде поседувана од повеќе вработени). Само сложениот клуч (“вработен, вештина”) се квалификува како кандидат клуч за табелата.
Останатиот атрибут, “локација на тековната работа”, е зависен само од дел на кандидат клучот, односно “вработен”. Затоа табелата не е во 2НФ. Забележете го вишокот во начинот на претставување на “локација на тековната работа” : трипати е кажано дека Jones работи на 114 Main Street, и двапати дека Ellis работи на 73 Industrial Way. Овој вишок ја прави табелата ранлива (склона) да ажурира со аномалии: тоа е, на пример, можно да се аружира локацијата на работа на Jones во записите за "пишување" и "стенографија", а да не се аружира записот за "резбање". Добиените податоци би имплицирале контрадикторни одговори на прашањето "Која е сегашната работна локација на Џонс?"
Алтернативата во 2НФ во овој дизајн би претставувала - истите информации но во две табели: табела “вработен”со кандидат клуч (“вработен”) и табела “вештини на вработените” со кандидат клуч (“вработен”, ”вештини”):

Вработени
Вработен Местоположба на тековната работа
Jones 114 Main Street
Bravo 73 Industrial Way
Ellis 73 Industrial Way
Harrison 73 Industrial Way
Вештини на вработените
Вработен Вештина
Jones Пишување
Jones Стенографија
Jones Резбање
Bravo Чистење
Ellis Алхемија
Ellis Летање
Harrison Чистење



Ниту една од овие табели не може да страда од аномалии при аружирањето.
Но сепак, не се сите табели во 2НФ ослободени од аномалии при аружирањето. Еден пример на табела во 2НФ која страда од аномалии на аружирањето е:

Победници на турнеи
Турнеја Година Победник Дата на раѓање на победникот
Des Moines Masters 1998 Chip Masterson 14 Март 1977
Indiana Invitational 1998 Al Fredrickson 21 Јули 1975
Cleveland Open 1999 Bob Albertson 28 Септември 1968
Des Moines Masters 1999 Al Fredrickson 21 Јули 1975
Indiana Invitational 1999 Chip Masterson 14 Март 1977


Иако “победник” и ”дата на раѓање на победникот” се определени од страна на целосниот клуч (“турнеја/година”) а не само на дел од него, одредени комбинации “победник/дата на раѓање на победникот” се прикажани повеќепати на повеќе записи. Ова води кон аномалии при аружирањето: ако ажурирањата не се вршат постојано, одреден победник може да бидат прикажан како да има два различни датуми на раѓање.
Основниот проблем е преодната (транзитивна) зависност на која ”дата на раѓање на победникот” е главниот предмет. ”Дата на раѓање на победникот” всушност зависи од “победник”, кој пак зависи од клучот “турнеја/година”.
Овој проблем е упатен на третиот нормален облик (3НФ).

2НФ и кандидат клучеви

Табела за која нема парцијални (делумни) функционални зависности од примарниот клуч е најчесто, но не секогаш, во 2НФ. Во прилог на примарниот клуч, табелата може да содржи и други кандидат клучеви; Неопходно е да се утврди дека ниедни не-примарни атрибути немаат делумни зависности на било кој од овие кандидат клучеви.
Повеќе кандидат клучеви се појавуваат во следната табела:

Модели на електрична четка за заби
Производител Модел Целосно име на моделот Земја на производство
Forte X-Prime Forte X-Prime Италија
Forte Ultraclean Forte Ultraclean Италија
Dent-o-Fresh EZbrush Dent-o-Fresh EZBrush САД
Kobayashi ST-60 Kobayashi ST-60 Јапонија
Hoch Toothmaster Hoch Toothmaster Германија
Hoch X-Prime Hoch X-Prime Германија


Дури и ако дизајнерот го има одредено примарниот клуч (“Целосно име на моделот”), табелата не е во 2НФ. (Производител, модел) е исто така кандидат клуч, и “Земјата на производство” е зависна од соодветното подмножество на “производител”. За да се направи дизајнот да одговара на 2НФ, потребно е да се имаат две табели:

Производители на електрични четки за заби
Производител Земја на производство
Forte Италија
Dent-o-Fresh САД
Kobayashi Јапонија
Hoch Германија


Модели на електрична четка за заби
Производител Модел Целосно име на моделот
Forte X-Prime Forte X-Prime
Forte Ultraclean Forte Ultraclean
Dent-o-Fresh EZbrush Dent-o-Fresh EZBrush
Kobayashi ST-60 Kobayashi ST-60
Hoch Toothmaster Hoch Toothmaster
Hoch X-Prime Hoch X-Prime


Наводи

  1. Codd, E.F. "Further Normalization of the Data Base Relational Model."

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!