Воено училиште (француски: École militaire) — голем градежен комплекс во кој е сместено воено училиште. Се наоѓа во Париз, југоисточно од Марсовото Поле.
Училиштето било отворено во 1751 година на настојување на Мадам де Помпадур и со поддршка на кралот Луј XV. Првобитното името му било École royale militaire (Воено кралско училиште). Изграден е на левиот брег на Сена, недалеку од Домот на инвалидите. Зградата ја проектирал дворскиот архитект Анж-Жак Габриел, а неговиот наследник, Александар-Теодор Бронгниар, го продолжил проектот.
Литература
Christian Benoit, L'Ecole militaire - Une histoire illustrée, Editions Pierre de Taillac, 2014.
Robert Laulan, L’école militaire de Paris, le monument 1751-1788, Paris, A. et J. Picard, 1950.
Yoann Brault, Frédéric Jiméno, Daniel Rabreau (dir.), L’école militaire et l’axe Breteuil-Trocadéro, Action artistique de la ville de Paris, 2002, s. 296 .
Robert Laulan, L'enseignement des exercices du corps à l'École militaire de Paris, s. 43-57, Bulletin de la Société de l'histoire de Paris et de l'Ile-de-France, 1952. – 1954. (lire en ligne)