Владимир Назор (Постире, 30 мај1876 - Загреб, 19 јуни1949), хрватски писател. Пишувал епски песни, раскази, романи, есеи, критики и мемоари. Негови познати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“ и „Дневникот со партизаните“[1].
Животен пат
Основно училиште завршилчл на островот Брач, a гимназија во Сплит. Студирал на природни науки, математички и физичкиu во Грац и во Загреб, а дипломирал во 1902 година. Предавал во хрватската гимназија во Задар, a од 1903 до 1918 година во Истра, каде го поминал поголем дел од својот живот. Во 1933 година се преселил во Загреб, каде работел како управник на дом за деца.
Назор е главниот лик во расказот „Тајната на црвениот замок“ (српски: Tajna crvenog zamka)[3] и еден од двата главни лика во расказот „Ѓиласовиот број“ (српски: Đilasov broj) на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[4]