Вистинска крв (оригинал англиски: True Blood) е американска телевизиска серија создадена и продуцирана од Алан Бол. Вистинска крв е заснована на серијалот романиЈужните вампирски мистерии од Шарлин Харис, и се занимава со заедничкото живеење на вампирите и луѓето, во измислено мало гратче во Лузијана, наречено Бон Темпс. Централна личност во серијалот е Суки Стакхаус (Ана Пакин), келнерка со телепатски способности, која работи во бар, која се вљубува во вампирот Бил Комптон (Стивен Мојер)[1][2].
Серијата премиерно се емитува на кабловската програма HBO во Соединетите Американски Држави. Продукцијата е на HBO во соработка со продукциската компанија на Бол, Your Face Goes Here Entertainment. Првата епизода беше прикажана на 7 септември2008 година.[3][4]
Првата сезона доби многу критички признанија и освои неколку награди, вклучувајќи Златен глобус и Еми. Втората сезона на серијалот премиерно беше прикажана на 14 јуни 2009 година[5]. Десеттата епизода од втората сезона (23 август 2009 година) ја виделе 5,3 милиони гледачи, што е нов рекорд за серијата.[6] Финалето на втората сезона (13 септември 2009 година) го виделе 5,1 милиони гледачи. Просечно 12,4 милиони неделно ја гледале втората сезона[7].Деветтата епизода од четвртата сезона (21.08.2011) поставиla нов рекорд со 5,53 милиони гледачи, што ја прави најгледана епизода до сега[8]