Виндхаузен (германски: Windhausen) — село и поранешна општина во округот Остероде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 март 2013 година е дел од општината Бад Грунд.
Знаменитости
Протестантската црква „Св. Јован“ во средиштето на Виндхаузен е многу необична фахверк градба кула покриена со шкрилец. Постојат бројни добро зачувани фахверк куќи во селото. Близу селото се наоѓаат импресивните руини на замокот Виндхаузен (Burg Windhausen).[1]
Наводи
- ↑ Josef Walz: Der Harz, p. 305, Köln 1995
Надворешни врски