Вимблдон 2024 – мажи поединечно
Вимблдон 2024 – мажи поединечно - бил третиот тениски гренд слем турнир, кој се одиграл во рамките на тениската сезона 2024.
Турнирот се одражал од 1 до 14 јули во All England клубот во Лондон, Велика Британија.
Во финалето на ова издание, бранителот на титулата Карлос Алкарас[1] го совладал Новак Ѓоковиќ во реприза на финалето од претходната година, со 6–2, 6–2, 7–6(7–4) со што ја освоил титулата во машка поединечна конкуренција на Вимблдон 2024 и го одбранил насловот од претходната година.[2][3] Ова бил неговиот втор триумф на Вимблдон и четвртата гренд слем титула во кариерата, со што станал шесттиот (и најмладиот) играч во Опен ерата кој освоил таканаречен Каналски Слем, да биде победник на Ролан Гарос и Вимблдон во иста година. Алкарас, исто така, станал вториот човек во Опен ерата, по Роџер Федерер, кој победил во секое од првите четири гренд слем финалиња во кои играл.
На турнирот имало дури 37 натпревари кои завршиле после пет сета, најмногу на кое било издание на гренд слемовите во Опен ерата, со што бил соборен рекордот кои го држеле Отвореното првенство на САД 1983 и Отвореното првенство на Австралија 2024.[4][5]
Џовани Мпетши Перикар станал првиот среќен губитник што стигнал до четвртото коло по Дик Норман во 1995.[6]
Носители
Жреб
- Легенда
- -Q- = квалификант
(англиски: Qualifier)
- -WC- = повик од организаторот
(англиски: Wild Card)
- -LL- = „среќен губитник“
(англиски: Lucky Loser)
|
- -ALT- = замена
(англиски: Alternate)
- -SE- = посебна поштеда
(англиски: Special Exempt)
- -PR- = заштитен ранкинг
(англиски: Protected Ranking)
- -IP- = ИТФ место
(англиски: ITF place)
|
- -w/o- = предавање пред натпреварот
(англиски: Walkover)
- -r- = предавање во текот на натпреварот
(англиски: Retired)
- -d- = дисквалификација во текот на натпреварот
(англиски: Defaulted)
|
Завршница на турнирот
Горна половина на жребот
Сектор 1
Сектор 2
Сектор 3
Сектор 4
Долна половина на жребот
Сектор 5
Сектор 6
Сектор 7
Сектор 8
Финале
Финалето на Вимблдон 2024 - мажи поединечно бил последниот натпревар на турнирот со кој бил одлучен победникот на турнирот во машка поединечна конкуренција. Во реприза на финалето од претходната година, во него одново се сретнале бранителот на титулата Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ. Ова било првпат во финалето да играат двајца играчи две години по ред, после финалињата во 2014 и 2015 година, кога еден против друг се нашле Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
Во ова финале, како и минатата година, победник бил Карлос Алкарас кој го победил Ѓоковиќ во три сета со 6–2, 6–2, 7–6(7–4), со што ја освоил својата втора титула на Вимблдон. Исто така, тој станал деветтиот играч во Опен ерата кој ја одбранил титулата на Вимблдон.
Натпреварот траел 2 часа и 27 минути и првпат по шест години финалето на Вимблдон во сингл за мажи било решено во три сета. Последен пат пред ова, тоа се случило во финалето 2018, кога токму Ѓоковиќ бил победник совладувајќи го Кевин Андерсон со истиот резултат со кој во ова финале бил поразен 6–2, 6–2, 7–6(7–3).
Преглед на натпреварот
Финалето протекло во целосна доминација на бранителот на титулата Алкарас, кој бил во постојано водство уште од почетокот. Уште во првиот гем на сервис на Ѓоковиќ, кој бил неизвесен со 20 одиграни поени и траел 15 минути, Алкарас направил брејк и стекнал рано водство. Во продолжение на првиот сет, шпанскиот тенисер ја чувал предноста од еден брејк до резултат 3-1, кога уште еднаш му го одзел сервисот на Ѓоковиќ за да го добие сетот со убедливи 6-2.
Слично, како во првиот се одвивале работите и во вториот сет: Алкарас одново направил брејк во првиот гем, за потоа да направи уште еден и да го затвори и овој дел од играта со идентични 6-2 за 2-0.
Дури во третиот сет, Ѓоковиќ заиграл подобро, пред се го "пронашол" првиот сервис, но Алкарас и понатаму бил на високо ниво и по осум гема кој оделе на страната на играчот кој сервирал во деветтиот гем Алкарас направил брејк и изборил сервис за победа. Во тој гем, бранителот на титулата стигнал до 40-0 и три меч топки, но откако не успеал да реализира ниту една од нив, Ѓоковиќ со пет поена по ред успеал да му го одземе сервисот за првпат во мечот и да се врати во игра. Откако во следните два гема немало брејк, третиот сет бил решен во тајбрејкот, каде подобар бил Алкарас со 7-4, користејќи ја својата четврта меч топка за одбрана на титулата.
Статистика
Категорија |
Алкарас |
Ѓоковиќ
|
Асови |
5 |
8
|
Двојни грешки |
6 |
4
|
Погоден прв сервис % |
56–95 (37,1%) |
71–101 (41,3%)
|
Освоени поени на прв сервис |
47–56 (45,6%) |
47–71 (39,8%)
|
Освоени поени на втор сервис |
20–39 (33,9%) |
12–30 (28,6%)
|
Поени на мрежа |
16–22 (42,1%) |
27–53 (33,8%)
|
Брејк шанси |
5–14 (26,3%) |
1–3 (25,0%)
|
Поени на ритерн |
42–101 (29,4%) |
28–95 (22,8%)
|
Винери |
42 |
26
|
Неизнудени грешки |
24 |
25
|
Винери-Неизнудени грешки |
+18 |
+1
|
Вкупно освоени поени |
109 |
87
|
Вкупно освоени гемови |
19 |
10
|
Извор:[7]
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| Гренд слеми | |
---|
| АТП Мастерс 1000 |
- Индијан Велс (П, Д, X)
- Мајами (П, Д)
- Монте Карло (П, Д)
- Мадрид (П, Д)
- Рим (П, Д)
- Торонто (П, Д)
- Синсинати (П, Д)
- Шангај (П, Д)
- Париз (П, Д)
|
---|
| АТП серија 500 |
- Ротердам (П, Д)
- Рио де Жанеиро (П, Д)
- Акапулко (П, Д)
- Дубаи (П, Д)
- Барселона (П, Д)
- Хале (П, Д)
- Лондон (П, Д)
- Хамбург (П, Д)
- Вашингтон (П, Д)
- Пекинг (П, Д)
- Токио (П, Д)
- Базел (П, Д)
- Виена (П, Д)
|
---|
| АТП серија 250 |
- Бризбејн (П, Д)
- Хонг Конг (П, Д)
- Аделајд (П, Д)
- Окленд (П, Д)
- Монпеље (П, Д)
- Кордоба (П, Д)
- Далас (П, Д)
- Марсеј (П, Д)
- Буенос Аирес (П, Д)
- Делреј Бич (П, Д)
- Доха (П, Д)
- Лос Кабос (П, Д)
- Сантјаго (П, Д)
- Ешторил (П, Д)
- Хјустон (П, Д)
- Маракеш (П, Д)
- Букурешт (П, Д)
- Минхен (П, Д)
- Женева (П, Д)
- Лион (П, Д)
- Росмален (П, Д)
- Штутгарт (П, Д)
- Истборн (П, Д)
- Мајорка (П, Д)
- Њупорт (П, Д)
- Бостад (П, Д)
- Гштад (П, Д)
- Кицбил (П, Д)
- Атланта (П, Д)
- Умаг (П, Д)
- Винсон-Салем (П, Д)
- Ченгду (П, Д)
- Хангџоу (П, Д)
- Антверпен (П, Д)
- Алмати (П, Д)
- Стокхолм (П, Д)
- Мец (П, Д)
- Хихон (П, Д)
|
---|
| Тимски натпреваувања | |
---|
| |
|
|
|