Вилијам Вилки Колинс 8 јануари 1824(1824-01-08) Мерилбон, Лондон, ОК
Починат/а
23 септември 1889(1889-09-23) (возр. 65) Лондон
Период
1840-ти – 1880-ти
Жанр
фикција, драма
Деца
3
Потпис
Вилијам Вилки Колинс (англиски: William Wilkie Collins, 8 јануари 1824 – 23 септември 1889) — англиски романописец, есеист и драматург. Колинс е најпознат по своите романи „Жената во бело“ (1859) и „Месечев камен“ (1868). Во текот на својата писателска кариера, Колинс има објавувано и дела кои се во соработка со Чарлс Дикенс, со кој станала добар пријател
Ран живот
Колинс е роден на улицата „Њу Кавендиш“ 11, Мерилбон, Лондон, син на Вилијам Колинс, добро познат сликар на пејзажи и неговата сопруга Хариет Гедес. Крстен по неговиот татко, тој наскоро бил познат по неговото средно име. Семејството се преселило на улицата Понд, Хемпстед, во 1826 година. Во 1828 година е роден братот на Колинс, Чарлс Олстон Колинс. Помеѓу 1829 и 1830 година, семејството Колинс се преселило двапати, прво на плоштадот Хемпстед, а потоа и на Порчестер.[1] Вилки и Чарлс го добиле своето рано образование во домашни услови од нивната мајка. Семејството Колинс било многу религиозно, а мајката на Колинс инсистирала на редовна посета на црква, што Вилки не го сакал. [2]
Во 1835 година, Колинс започнал да оди на училиште во академијата Маида Вејл. Од 1836 до 1838 година живеел со своите родители во Италија и Франција, што му оставило голем впечаток. Тој научил италијански јазик додека семејството било во Италија и започнал да учи француски јазик, на кој на крајот ќе стане течен говорник.[3] Од 1838 до 1840 година, тој присуствувал на приватното интернатско училиште на Пречесниот Кол во Хајбери, каде бил малтретиран од соученици.[4]
Во 1840 година семејството се преселило на 85 Оксфорд Тераса, Бејзвотер. Кон крајот на 1840 година, Колинс го напуштил училиштето на возраст од скоро 17 години и се вработил како помошник на службеник во фирмата на трговци со чај Антробус и Ко, фирма во сопственост на пријател на таткото на Вилки. Не му се допаѓала неговата канцелариска работа, но работел во компанијата повеќе од пет години.
Колинс започнал да пишува и ја објавил својата прва приказна „Тренерот на последната сцена“ во списанието „Илуминејтед“ во август 1843 година.[5] Во 1844 година отпатувал за Париз со Чарлс Вард. Истата година тој го напишал својот прв роман, „Јолани или Тахити како што беше; романса“, која беше доставена до Чепмен и Хол, но била одбиена во 1845 година. Романот останал необјавен за време на неговиот живот.[1]
По темнината (After Dark, 1856) - колекција кратки раскази
Заледена длабочина (The Frozen Deep, 1857) - драма напишана заедно со Чарлс Дикенс
Куќа за издавање (A House to Let, 1858) - краток расказ напишан заедно со Чарлс Дикенс, Елизабет Гаскел и Аделејд Ен Проктер
Опседната куќа (The Haunted House, 1859) - краток расказ напишан заедно со Чарлс Дикенс, Елизабет Гаскел, Аделејд Ен Проктер, Џорџ Сала и Хесба Стретон