Викиншкиот метал (анг. viking metal) е фузиран жанр на метал музиката кој опфаќа голем број на групи и се однесува пред сè на тематиката на песната, а не нејзината музика. Групите кои припаѓаат на овој жанр се припадници на многу правци на метал музиката, како фолк метал, блек метал, дет метал, а во последно време и на пауер металот.[1]
Развој
Викиншкиот метал најверојатно потекнува од групата Bathory и нивните албуми Blood Fire Death и Hammerheart. Овие албуми прават спој помеѓу блек металот и нордиската народна музика за да постигнат една епска, паганска атмосфера, полна со сцени од нордиската митологија. Друг важен албум за овој жанр е The Wayward Sons Of Mother Earth од бендот Skyclad, кој заедно со Hammerheart, помага во дефинирањето на жанрот фолк метал.[2]
Музички белези
Иако викиншкиот метал не може да се класифицира технички како жанр со свои посебни белези, разните викиншки метал бендови делат некои слични елементи. Скоро универзална е почитта кон паганската германска и викиншка култура, како и одбивноста кон христијанството и негова замена со неопагански и асатру верувања. Самата музика е често романтизирана и епска, слична на нордискиот фолклор и создава атмосфера збогатена со паганска и метал традиција.[3]
Изведувачи и албуми типични за прaвецот на викиншки метал
Наводи
|
---|
| Жанрови | |
---|
| Регионални сцени | |
---|
| Субкултура | |
---|
| |
|