Весник (1942) — орган на Месниот комитет на КПЈ - Скопје.[1]
Весникот излегувал во периодот од 2 мај до 15 јуни, 1942 година. Бил печатен на партиската техника на Месниот комитет за Скопје, на 8-10 страници, во 500-600 примероци. Вкупно во печат излегле седум броеви, а од нив сочувани се само три.[1]
Од името на МК КПЈ за Скопје, со уредувањето и печатењето на весникот раководела Веселинка Малинска.[2] Истиот бил печатен на македонски јазик.[1]
Наводи
↑ 1,01,11,2Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 102. ISBN9989-624-46-1.