Василиј Ливанов

Василиј Ливанов
Податотека:Livanov Order.jpg
Роден(а)Василиј Борисович Ливанов
Занимањеглумец,сценарист, писател, режисер
Активен1959 – денес
Василиј Ливанов 26.01.2017 Советскиот и руски филмски актер Василиј Ливанов на церемонијата на доделување на државните награди во Кремљ 26 јануари 2017 година.
Василиј Ливанов 26.01.2017

Василиј Ливанов (руски: Васи́лий Бори́сович Лива́нов, роден на 19 јули 1935 во Москва) — руски и советски глумец, сценарист, писател, режисер, народен глумец на Русија.

Станал светски познат со учество во улогата на ликот на Сер Артур Конан Дојл - Шерлок Холмс, во циклусот телевизиски филмови на советскиот режисер Игор Маслеников. За оваа улога, Ливанов станал добитник на високата британска награда - Орден на Британската Империја (2006).

Животопис

Василиј е син на глумецот Борис Ливанов, внук на глумецот Николај Александрович Ливанов (Изволски). Неговата мајка, Евгенија Казимировна (1907-1978) — една од "најголемте симпатични московски дами".

Чести гости во семејство Ливанови биле Василиј Качалов, Борис Пастернак, Александар Довженко, Николај Черкасов, Михаил Тарханов. Во 1954 година Василиј Ливанов завршил на московското средно уметничко училиште, во Уметничката Академија на СССР (1954), по што завршил во 1958 година и театарска училиште, а во 1966 година и режисерско училиште.

Заедно со Јуриј Ентинин и Гендиј Гладков го создале цртаниот филм "Бременските музичари".

Во 1988 година на Ливанов била доделена титулата "Народен уметник на РСФСР".

На 15 јуни 2006 година, амбасадорот на Велика Британија во Москва му доделил Орден на Британската Империја на Василиј Ливанов за најдобра одиграна улога на Шерлок Холмс.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!