Василиј Војоан

Василиј III Војонатвизантиски катапан на Италија од 1017 до 1027 година[1][2] и еден од најголемите византиски војсководци од тоај период. Неговите достигнувања и овозможиле на Византија и овозможиле да се воспостави како сила во јужна Италија по векови на пад. Сепак, норманските авантарусти кои биле вклучени во структурата на моќ во јужна Италија ќе бидат крајните добитници.

Живот

По неговото назначување од страна на византискиот цар Василиј II во декември 1017 година, тој веднаш побарал засилување од Цариград за да го задуши бунтот на лангобардскиот водач Мел Бариски и неговите нормански војници. Барањето било одобрен: и бил испратен одред од елитни варјашки стражари. Двете завојувани страни се сретнале на реката Офанто близу Кана, местото на кое Ханибал ги победли римјаните во 216 година п.н.е. Во Втората битка кај Кана, Војоан постигнал подеднакво одлучна победа.

Бојоан ги заштитил освоените територии започнувајчи веднаш со градба на голема тврдина на Апенинскиот превој со што го заштитил влезот во долината на Апулија. Троја, град именуван според античкиот град во Мала Азија, е градот во кој се сместил гранизонот од нормански војници на Војоан во 1019 година. Наскоро, цела јужна Италија била покорена под Византија, со исклучок на Војводството Беневенто, кое останало лојално на Папската Држава.

Исплашен од промената на состојбата на југот, Бенедикт VIII во 1020 година заминал на север во Бамбергда разговара со Царот на Светото Римско Царство, Хајнрих II. Царот не преземал никакво дејство, но настаните од следната година го натерале да се замеша. Војоан и неговиот нов сојузник принцот Пандулф IV Капујски тргнале во поход кон Меловиот зет Дат и ја освоиле неговата тврдина во Гарлијано. На 15 јуни, Дат бил врзан во вреќа со мајмун, петел и змијаи фрлен во морето. Следната година, како одговор на ова, огромна царска војска дошла на југот за да ја нападне новата тврдина во Троја. Гаризонот успешно се спротивставил и ја одбранил тврдината. Војоан на градот му дал привилегии за неговата лојалност.

Во 1025 година, Војоан се подготвувал да го води Сицилијанскиот поход заедно со Василиј II но големиот цар починал. Константин VIII, неговиот совладетел и наследник, го откажал походот, и катапанот заминал на север да му помогне на Пандулф во заземањето на Капуа, територија која Хајнрих II ја освоил три години претходно. Војоан му му понудил на новиот принц на Капуа, Пандулф, безбеден премин до Неапол и го прифатил неговото предавање во 1026 година. Ова бил неговата последна поголема кампања. Во 1027 година, тој бил отповикан од должноста катепан. Неговите замени биле бледа слика на неговите поставени стандарди за воена делотворност.Во текот на наредниот век, византиското влијание во Италија постепено се свело на ништо.

Во 1041 година, синот на Војоан Ексавгуст бил именуван за катепан, но не издржал ни една година на таа позиција.

Извори

  • John Julius Norwich The Normans in the South 1016-1130. Longmans: London, 1967.

Наводи

  1. Catherine Holmes, University College, Oxford - Roman Emperors DIR Basil II.
  2. Ferdinand Chalandon Histoire de la domination normande en Italie et en Sicile. Paris, 1907.

Надворешни врски

Претходник
Лав Торник Контолеон
Катепан на Италија
1017–1027
Наследник
Христофор Бургар

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!