Васил Хаџијорданов

Васил Хаџијорданов
Роден 1915 година
Ваташа
Починал 16 јуни 1943 година
Моклиште, Ваташа.
Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор
Националност Македонец

Васил Хаџијорданов ( 1915 во Ваташа16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите лица во Масакрот во Ваташа.[1]

Животопис

По занимање бил угостител. Уште од детството и ученичките денови беше близок другар со Страшо Пинџур и Димката Ангелов, кои оставиле силно влијание врз него. Неговата кафеана била место каде што се случувале многу работи, а и самиот активно бил вклучен во работата на напредното антифашистичка движење во групата со Ангел Ралев и Блажо Паракеов. Неговиот радиоапарат кој работел на батерии во поголеми групи најчесто во ноќните часови го слушале ваташките младинци, кои со помош на него ги дознавале најновите вести и состојбата на светските фронтови.[1]

Масакрот на ваташките деца

Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските сили.

Неговото приведување заедно со останатите ваташки младинци воопшто не било случајна, иако Васо генерациски бил многу постар од нив. Бугарските фашисти не се задоволиле со неговото убиство на 16 јуни 1943 година, туку по извршеното злосторство го масакрирале неговото тело, како и телото на Ферчо Поп-Ѓорѓиев.[1]


Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 435. ISBN 978-608-4621-04-1.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!