Валканиот Хари (филм)

Валканиот Хари (англиски: Dirty Harry) — американски филм од 1971 година, во режија на Дон Сигел, во кој главната улога ја толкува Клинт Иствуд. Другите улоги ги толкуваат: Хари Гвардино, Џон Ларч, Џон Вернон, Ендрју Робинсон и Рени Сантони. Тој е прв филм од циклусот посветен на Валканиот Хари. Главниот лик во филмот е бескомпромисниот полицаец Хари Калахан, познат по прекарот Валканиот Хари. Хари е полициски инспектор кој не почитува никакви правила, не носи панцир и постојано е во судир со своите претпоставени. Хари е опседнат со мислата самиот да ја истера правдата и да им пресуди на криминалците на својот, понекогаш екстремен, начин. Притоа, него не можат да го заплашат ниту најтврдокорните криминалци, ниту пак бирократското однесување на полициските шефови.[1] Во 2012 година, филмот бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.[2]

Синопсис

Дејството на филмот се случува во Сан Франциско, каде еден снајперист (го игра Робинсон) убива девојка и праќа писмо до градоначалникот (го игра Вернон), заканувајќи се дека ќе продолжи да убива ако не добие 100.000 долари. Задачата да го пронајдат убиецот ја добива инспекторот Хари Калахан (го игра иствуд) кому му се придружува еден штотуку примен инспектор. Полицијата му поставува стапица на убиецот, но тој успева да се извлече по што следува ново убиство. Најпосле, тој грабнува малолетна девојка и повторно, Калахан на Калахан му паѓа задачата да ги однесе парите на договореното место. Таму, убиецот го претепува Калахан и тешко го ранува неговиот помошник, но во последен миг Калахан му забива нож во ногата. Убиецот бега од местото и оди во блиската болница, а докторот го препознава и на полицијата ѝ го соопштува местото каде што живее тој. Калахан го фаќа убиецот на стадионот при што повторно го ранува во ногата. Така, убиецот е уапсен, но поради незаконско обезбедените докази, тој е пуштен на слобода. За да спречи нови убиства, Калахан го следи насекаде, но убиецот нарачува да биде претепан, а за тоа го обвинува Калахан. Најпосле, убиецот грабнува автобус полн со ученици, но Калахан ја презема работата во своите раце и го убива, по што ја фрла својата полициска значка.[3]

Наводи

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!