Валборг и Карин Јота (ж. 1350) — две Швеѓанки кои, според легендата, биле именувани за службени лица на дворот по големата Црната чума. Ако легендата е вистинита, тие имале единствена позиција за своето време.
Легендата вели дека кога судијата на округот Вермланд повторно го составил судот, откако големата црна чума ја поминала Шведска во 1350 година, тие биле покуси за два члена. Наместо предвидените дванаесет службеници, останале само десет. Не било можно да се изберат двајца нови мажи за да ги пополнат овие места, поради големиот број смртни случаи од чумата. Затоа судијата одлучил да ги повика овие две жени, Карин Јота од Калхитан и Валборг од Нордмаршитан, да ги пополнат местата во судот. Овие не биле само формални позиции; двете жени зеле активно учество во работите на судот. Според легендата, судијата имал голема почит кон нивниот суд и мудрост, тој често барал нивно мислење и совет.
Надворешни врски