Булент Аринч

Булент Аринч
Bülent Arınç
Вицепремиер на Турција
На должноста
Стапил
1 мај 2009
Служи со Али Бабаџан и Кемил Чичек
Претходник Хајати Јазиџи
Претседател на Собранието
На должноста
19 ноември 2002 – 22 јули 2007
Претходник Омер Изги
Наследник Коксал Топтан
Лични податоци
Роден(а) 25 мај 1948(1948-05-25)(76 г.)
Бурса, Турција
Националност Турчин
Партија Партија на праведноста и развојот
Сопружник Муневер Аринч
Деца Мехмет Фатих (починал 1997), Ајшенур, Муцахит
Вероисповед ислам
Потпис

Булент Аринч (роден на 25 мај 1948 во Бурса[1]) е турски политичар и вицепремиер на Турција.

Живот и образование

По завршувањето на средното училиште во Маниса, тој се запишал на Анкарскиот универзитет и истиот го завршил во 1970 година[1]. По ова, тој работел како адвокат во Маниса[1].

Булент Аринч е оженет и има две деца, едното од нив починало во сообраќајна несреќа[2].

Политика

Уште во времето на студентските години, Аринч пројавувал интерес кон политиката. Во 1995 година бил кандидат за пратеник на Маниса, од Партијата за благосостојбата.[1]. Тој станал и член на управниот одбор на партијата. По забраната на неговата партија, тој во 1999 година се приклучил кон Fazilet Partisi. Тој бил избран на локалните избори за заменик управител на Маниса. Бил и член на комисијата за надворешни прашања на парламентот[1].

Но и неговата втора партија била затворена и забранета во 2001 година[1], па тој заедно со Реџеп Таип Ердоган станал еден од основачите на Партијата на правдата и развојот[3]. Тој бил назначен за претседател на парламентарната група од страна на неговата партија[1].

На 19 ноември 2002 година, тој бил избран за претседател на Собранието[4], а од 2009 година ја извршува функцијата вицепремиер на земјата[5].

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „TBMM'nin yeni başkanı Arınç“ (турски). Radikal.com.tr. 19 November 2002. Посетено на 13 January 2011.
  2. „RP'li Arınç'ın acı günü“ (турски). Hurriyet.com.tr. 14 September 1997. Посетено на 13 January 2011.
  3. „Meclis'in 6. partisi“ (турски). Zaman.com.tr. 15 August 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 13 January 2011.
  4. „İlk turda başkan“ (турски). Hurriyet.com.tr. 20 November 2002. Посетено на 13 January 2011.
  5. „Erdoğan announces major Cabinet reshuffle“. Todayszaman.com. 1 May 2007. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 13 January 2011.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!