За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано и запалено од страна на грчката армија.
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1923 година била осветена црквата „Свети Атанасиј“.[6]
Александар Климов, роден во село Ложани, Струшко, живеел и бил погребан во селото.Тој учествувал како војвода во Илинденското востание и бил осуден на 101 години затвор од османлиската држава по неговото задушување. Се населил во селото Горна Брезница во 1918 година, каде што бил поставен за учител. Во 2003 година во негова чест во селото бил подигнат споменик, по повод 100 години од избувнувањето на востанието.
Географија и местоположба
Брезница се наоѓа на околу 5 километри северозападно од центарот на градот Кресна низ кој минува главниот пат Е-79 и приближно 30 километри јужно од центарот на градот Благоевград, во подножјето на Малешевските Планини.