Блатната стрнарка (науч. Emberiza schoeniclus) е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнаркитеEmberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae. Распространета е низ Европа и умерена и северна Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Таа е претежно птица преселница која зимува понајуг, но популациите кои живеат во топлиот југозапад од опсегот се постојани жители.
Опис
Блатната стрнарка е птица со средна големина, долга 13.5-15.5 см, со мал, но цврст клун карактеристичен за птиците што се хранат со семиња. Мажјакот има црна глава и грло, бел околувратник, бели долни делови и многу избразденошарен кафеав грб. Женката е многу побледа, со кафеава глава со линии и одоздола е, исто така, цела прошарана со линии.
Песната на мажјакот е повторливо, на некој начин монотоно црип.
Поведение
Живеалиштето на блатната стрнарка се влажните предели, ливадите крај мочуриштата, трските и бујната вегетација.
Гнездото го прави на земја или ниско близу до земјата каде несе 4-7 јајца со карактеристични шарки, како влакненца.
Младенчињата ги храни со инсекти, инаку се храни со семиња.
Галерија
Мажјак зиме, во Англија
Во својата животна средина
Женка
Јајца
Пеење
Наводи
„Emberiza schoeniclus“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 May 2006. Database entry includes justification for why this species is of least concern